Прелиминарната листа на пријавени кандидати на Факултетот за електротехника и информациски технологии за уписите во првиот уписен рок за учебната 2025/2026 година е објавена на веб страницата на факултетот.
Прелиминарната листа ги прикажува следните информациите од пријавата на секој од кандидатите: ИД бројот од ситемот за уписи (iknow), првиот избор на студиска програма, избор со кофинансирање (да/не), редослед на останатите избрани студиски програми наредени според приоритет на изборот на кандидатот и поените од успехот од средното образование.
По објавувањето на прелиминарната листа на пријавени кандидати, кандидатот има право на приговор во рок од 24 часа. Приговорите се доставуваат до Конкурсната комисија на ФЕИТ преку iKnow системот или преку архивата на факултетот до 26.8.2025 година, најдоцна до 15:00 часот. Во спротивно, кандидатот го губи правото на приговор во натамошната постапка во поглед на објавените резултати. Приговорот се однесува само на технички пропусти. Одлуките по приговорите се објавуваат на веб страницата факултетот.
Конкурсна комисија на ФЕИТ