С О О П Ш Т Е Н И Е – eлектронски упис на зимски семестар во учебната 2025/2026 за студентите запишани по првпат во прва студиска година

Објавено: септември 15, 2025

Сите студенти запишани по првпат во прва студиска година (бруцоши) треба да извршат и електронско запишување на зимскиот семестар во учебната 2025/2026 година во iKnow системот  и внесување на предметите кои ќе се слушаат во овој семестар најдоцна до 19.09.2025 година.

Во упатството за студенти имате подетално објаснување околу електронското запишување на семестар во iKnow системот.

При најава на iKnow системот се внесува е – меил адресата со која кандидатите се пријавиле, па потоа се оди на заборавена лозинка.

На е – меил адресата се добива линк на кој што се внесува лозинката со која ќе се врши понатамошна најава на системот.

Студентите кои во дадениот рок нема да го реализираат електронското запишување, истото ќе можат да го направат по истечениот рок во Одделението за студентски прашања со финансиски надомест.