С О О П Ш Т Е Н И Е – Пријавување испити – прв циклус студии

Последна измена: мај 13, 2022

Пријавување испити на прв циклус студии во јануарската испитна сесија ќе се врши електронски, преку системот iKnow, во периодот од

3.1. до 18.1.2022 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти, точка 2.5.

Студентите што ќе извршат уредно електронско пријавување на испитот во iKnow системот, задолжително треба да достават и комплетно пополнета хартиена пријава.

Во пријавата се внесуваат податоците за студентот, целото име на предметот, предметниот наставник, испитниот рок во кој се пријавува испитот, студиската програма (ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ).

Aко испитот се полага со физичко присуство, уредно пополнетата хартиена пријава се остава во испитната тетратка.

Ако испитот се полага online, уредно пополнетата хартиена пријава се остава во сандачето на предметниот наставник (задолжително пред полагање на испитот).

Студентите кои нема да достават пополнета хартиена пријава, оценката нема да им биде евидентира во iKnow системот.

НАПОМЕНА: По овој рок студентите може да пријават испит во Одделението за студентски прашања со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

 

Скопје, 27.12.2021 година

ОД ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА