Соопштение за јунска испитна сесија 2020/2021

Последна измена: јули 12, 2021
  1. Испитите во јунската испитна сесија се спроведуваат од 9 јуни до 2 јули 2021 година, со физичко присуство и online, според објавениот распоред достапен на веб страницата на факултетот:                                                                    https://feit.ukim.edu.mk/i-ciklus/raspored-na-ispiti-i-kolokviumi/
  2. Секој студент е должен да ја пополни анкетата на е-курсеви со која ќе го потврди своето присуство на испитот најдоцна 48 часа пред почетокот на испитот.
  3. За начинот за спроведување на испитит што се полага online, подетални информации студентите ќе добијат од предметниот наставник.
  4. Ако студентот нема технички услови за полагање на испитот што се полага online, испитот може да го полага во некоја од факултетските лаборатории, за што поднесува барање до предметниот наставник и ФЛАОП (flaop@feit.ukim.mk), најдоцна 48 часа пред терминот за полагање.
  5. Ако студентот не може да присуствува на испитот што се полага со физичко присуство, го известува предметниот наставник најдоцна 48 часа пред терминот за полагање и со него се договара за начинот на полагање на испитот.
  6. За испитите што се полагаат со физичко присуство, студентите ги оставаат пријавите во испитните тетратки при полагање на испитот. За испитите што се полагаат online, пријавите се оставаат во поштенското сандаче на предметниот наставник (под скалите во холот на приземјето на факултетот).
  7. Заверката на летниот и запишување на зимскиот семестар во учебната 2020/2021 година ќе се реализираат во септември, а профе­сионал­ната пракса нема да биде задолжителен услов.

Од Деканатот на ФЕИТ