Соопштение за неактивирани предмети

Објавено: февруари 21, 2025

Студентите што имаат избрано/запишано изборен предмет во летниот семестар во учебната 2024/2025 година што не се активирал и не фигурира во објавениот распоред на часовите, ќе можат да го заменат со активиран предмет, односно со изборен предмет што го има во распоредот на часовите.

Студентите ќе можат да ја извршат промената на неактивираниот со активиран предмет најдоцна до 27.2.2025 година на шалтерите од Одделението за студентски прашања во период од 12:30 до 14:30 часот, со достава на Интерен лист.

*Интерниот лист се пополнува комплетно со сите претходно соодветно избрани предмети вклучувајќи го и новоизбраниот предмет (без неактивираниот), односно предмети што треба да се во приказот на iKnow, а во долниот дел се назначува кој неактивиран предмет се заменува со кој активиран.

Листа на неактивирни предмети

 

Скопје, 21.2.2025 година                                                                      Одделение за студентски прашања на ФЕИТ