Соопштение за неактивирани предмети

Објавено: март 2, 2026

Студентите што имаат избрано/запишано изборен предмет во летниот семестар во учебната 2025/2026 година што не се активирал и не фигурира во објавениот распоред на часовите, ќе можат да го заменат со активиран предмет, односно со изборен предмет што го има во распоредот на часовите.

Студентите ќе можат да ја извршат промената на неактивираниот со активиран предмет најдоцна до 5.3.2026 година на шалтерите од Одделението за студентски прашања во период од 12:30 до 14:30 часот, со достава на Интерен лист.

*Интерниот лист се пополнува комплетно со сите претходно соодветно избрани предмети вклучувајќи го и новоизбраниот предмет (без неактивираниот), односно предмети што треба да се во приказот на iKnow, а во долниот дел се назначува кој неактивиран предмет се заменува со  активиран.

Листа на неактивирни предмети

 

Скопје, 2.3.2026 година                                         Одделение за студентски прашања на ФЕИТ