Соопштение за неактивирани предмети

Објавено: февруари 18, 2022

Студентите што имаат избрано/запишано изборен предмет во летниот семестар во учебната 2021/2022 година што не се активирал и не фигурира во објавениот распоред на часовите, ќе можат да го заменат со активиран предмет, односно со изборен предмет што го има во распоредот на часовите.

Студентите ќе можат да ја извршат промената на неактивираниот со активиран предмет најдоцна до 23.2.2022 година на шалтерите од Одделението за студентски прашања во период од 12:30 до 14:30 часот, со достава на Интерен лист  или електронски на адресата studentska_arhiva@feit.ukim.edu.mk.

*Интерниот лист се пополнува комплетно со сите претходно активирани избрани предмети вклучувајќи го и новоизбраниот предмет, односно предмети што треба да се во приказот на iKnow, а во долниот дел се назначува кој неактивиран предмет се заменува со кој активиран предмет (потпишаниот Интерен лист ќе биде потребен за да не се доставува нов А3 Образец)

Листа на неактивирни предмети

 

Скопје, 18.2.20221 година                                                                            Одделение за студентски прашања на ФЕИТ