Соопштение за неактивирани предмети

Последна измена: февруари 23, 2023

Студентите што имаат избрано/запишано изборен предмет во зимскиот семестар во учебната 2022/2023 година што не се активирал и не фигурира во објавениот распоред на часовите, ќе можат да го заменат со активиран предмет, односно со изборен предмет што го има во распоредот на часовите.

Студентите ќе можат да ја извршат промената на неактивираниот со активиран предмет најдоцна до 17.10.2022 година на шалтерите од Одделението за студентски прашања во период од 12:30 до 14:30 часот, со достава на Интерен лист .

*Интерниот лист се пополнува комплетно со сите претходно соодветно избрани предмети вклучувајќи го и новоизбраниот предмет, односно предмети што треба да се во приказот на iKnow, а во долниот дел се назначува кој неактивиран предмет се заменува со кој активиран (потпишаниот Интерен лист ќе биде потребен за да не се доставува нов А3 Образец).

Листа на неактивирани предмети

Скопје, 13.10.2022 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ