Соопштение за организирање на дополнителна ден сесија

Последна измена: февруари 6, 2021

Согласно академскиот календар за учебната 2020/2021 година, дополнителната ден сесија за предметите од летниот/парен семестар ќе се одржи во петок, 12.2.2021 година.
Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во летниот семестар во учебната 2019/2020 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната сесија студентите може да го реализираат со најавување на порталот e-Kursevi на следниов линк:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/quiz/view.php?id=16723

во периодот од 15:00 часот на 5.2.2021 до 12:00 часот на 10.2.2021. Од паѓачкото мени се избира предметот што се пријавува, а во соодветното поле се прикачува скенираната уплатница за извршена уплата од 1200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија (упатство).
За предметите кои во дополнителната сесија ќе се полагаат со физичко присуство, пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница се остава во испитната тетратка. За испитите кои во дополнителната сесија ќе се полагаат online, пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница се остава во сандачето на предметниот професор, под скалите на приземјето на Факултетот.

 

Скопје, 5.2.2021 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ