Соопштение за организирање на дополнителна ден сесија

Објавено: јануари 29, 2024

Согласно академскиот календар за учебната 2023/2024 година, дополнителната ден сесија за предметите од летниот/парен семестар ќе се одржи на 7.2.2024 година (среда).
Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во летниот семестар во учебната 2022/2023 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната сесија студентите може да го реализираат со најавување на порталот e-Kursevi на следниов линк:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/quiz/view.php?id=30330

во периодот од 00:00 часот на 2.2.2024 год. до 12:00 часот на 6.2.2024 год.. Од паѓачкото мени се избира предметот што се пријавува, а во соодветното поле се прикачува скенираната уплатница за извршена уплата од 1200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија (упатство).
Пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница задолжително се остава во испитната тетратка.

Скопје, 29.1.2024 година

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ