Дополнителната ден сесија за предметите од зимскиот/непарен семестар во учебната 2023/2024 година ќе се одржи во среда, 18.9.2024 година.
Студентите може да пријават само еден предмет што го слушале во зимскиот семестар во учебната 2023/2024 година и за кој ги реализирале сите академски обврски (потпис и заверен семестар).
Пријавувањето на испитот за дополнителната сесија студентите може да го реализираат со најавување на порталот e-Kursevi на следниов линк:
https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/mod/quiz/view.php?id=31296
во периодот од 00:00 часот на 13.9.2024 год. до 12:00 часот на 17.9.2024 год. Од паѓачкото мени се избира предметот што се пријавува, а во соодветното поле се прикачува скенираната уплатница за извршена уплата од 1200,00 денари на факултетската жиро сметка, со цел на дознака – дополнителна ден сесија (упатство).
Пополнетата пријава за испит, заедно со прикачената уплатница задолжително се остава во испитната тетратка.
Скопје, 10.9.2024 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ