СООПШТЕНИЕ за организирање подготвителна настава по математика и физика

Објавено: септември 10, 2021

Подготвителната настава по математика и физика ќе се одвива во периодот од 14.9.2021 до 28.9.2021 година секој ден, освен во недела. Студентите од прва година се поделени во две групи, кој студент во која група е може да си провери на е-курсеви (подолу е опишана процедурата за најавување на е-курсеви). Распоредот на предавањата е следен:

Прва група Втора група
Математика од 14.9.2021 до 21.9.2021 год.

од 9 до 12 часот (сабота-18.09- од 9 до 11 часот)

од 21.9.2021 до 28.9.2021 год.

од 9 до 12 часот (сабота-25.09- од 9 до 11 часот)

Физика од 22.9.2021 до 28.9.2021 год. од 9 до 12 часот 14.9.2021 до 20.9.2021 год.

од 9 до 12 часот

На соодветните часови се вклучувате преку линкот:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk  При најавувањето, во полето корисничко име, внесете ја e-mail адресата која ја користевте при електронското најавување во системот iКnow. Иницијалната лозинка е вашиот матичен број.  Потоа следете го следново упатство.

Часовите ќе се одвиваат преку Zoom видео конференциска врска. На следниов линк може да најдете упатство за  инсталирање на оваа апликација и стартување видео конференција:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/pluginfile.php/7842/mod_forum/post/15098/Startuvanje_na_video_konferencija_so_Zoom_vo_e_kursevi.mp4

Во случај на технички проблеми поврзани со стартување на конференцијата, обратете се на следниов e-mail:
e-admin@feit.ukim.edu.mk

 

Скопје, 10.9.2021 година