Соопштение за подготвителната настава по програмирање Code@FEIT 2021

Објавено: септември 21, 2021

Подготвителната настава по програмирање Code@FEIT 2021 ќе се одржи во периодот од 27.9.2021 до 01.10.2021 год.  Предавањата студентите ќе ги следат сите заедно, како и практичниот дел (аудиториски и лабораториски вежби). Наставата ќе се одвива секој ден од понеделник до петок по следниов распоред:

Понеделник 27.09.2021

Вторник 28.09.2021

Среда
29.09.2021

Четврток
30.09.2021

Петок*
01.10.2021

Предавања

од 12 до 16 ч.

од 12 до 14 ч.

од 14 до 16 ч.

од 9 до 11 ч.

од 9 до 11 ч.

Практична настава
(по групи)

нема

од 14 до 16 ч.

од 16 до 18 ч

од 11 до 13 ч

од 11 до 13 ч

На часовите се вклучувате преку платформата:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

со која веќе се запознавте за часовите по Математика и Физика.

При најавувањето, во полето корисничко име, внесете ја e-mail адресата која ја користевте при електронскиото најавување во системот iКnow. Иницијалната лозинка е вашиот матичен број.  Потоа влезете во курсот Code@FEIT 2021.

Во курсот ќе ги имате сите потребни материјали и линкови, како за видео состаноците, така и за платформите кои ќе ги користиме за практичниот дел и решавање на задачи.

За повеќе прашања околу организацијата на самата настава, слободно пишувајте на форумот, или директни пораки до наставниците.

Часовите ќе се одвиваат преку Zoom видео конференциска врска. На следниов линк може да најдете упатство за  инсталирање на оваа апликација и стартување видео конференција:

https://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk/pluginfile.php/7842/mod_forum/post/15098/Startuvanje_na_video_konferencija_so_Zoom_vo_e_kursevi.mp4

Во случај на технички проблеми поврзани со стартување на конференцијата, обратете се на следниов e-mail: e-admin@feit.ukim.edu.mk