Соопштение за креирани електронски адреси на студентски сервер

Објавено: септември 30, 2022

Почитувани колеги од прва година,

Ве известуваме дека ви се креирани електронски адреси на студентскиoт сервер за електронска пошта и корисничка сметка на порталот за електронско учење:

http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk

До серверот за електронска пошта може да се пристапи преку веб-адресата:

https://smail.feit.ukim.edu.mk/

Електронските адреси се во форма

<studiska_programa><broj_indeks>@feit.ukim.edu.mk,

каде што <broj_indeks> е бројот на индексот, без косата црта. На пример, студент запишан на студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство, со број на индекс 165/2021 би имал адреса tkii1652021@feit.ukim.edu.mk.

Иницијалната лозинка е поставена да биде матичниот број на студентот, а студентите ќе можат да ја променат преку веб-интерфејсот.

Количината на дoделeната меморија на секој корисник изнесува 1GB(еден гигабајт).

Најавувањето на порталот за електронско учење http://e-kursevi.feit.ukim.edu.mk, како и целокупната  комуникација на студентот  со наставниците, асистентите и службите на ФЕИТ ќе се одвива преку факултетска електронска адреса на студентот.

Доколку наидете на проблеми контактирајте нè нa: e-admin@feit.ukim.edu.mk

Со почит ФЛАОП