Заверката на летниот семестар 2024/2025, како и запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2025/2026 година за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ќе ги содржи следниве чекори:
- Електронско пријавување од 15.9. до 26.9.2025 година
- Доставување на документите од 22.9 до 2.10.2025 година во Одделението за студентски прашања по следниот редослед:
Почетна година на студирање | Денови во кои може да се доставуваат документите | ||
2024 | 22.9.2025 | 23.9.2025 | 24.9.2025 |
2023 | 25.9.2025 | 26.9.2025 | 29.9.2025 |
2022 | 25.9.2025 | 26.9.2025 | 29.9.2025 |
2021 | 30.9.2025 | 1.10.2025 | 2.10.2025 |
2020 | 30.9.2025 | 1.10.2025 | 2.10.2025 |
- Електронско пријавување од 15.9. до 26.9.2025 година
Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише зимскиот семестар 2025/2026 и да ги избере соодветните предмети. По наведениот термин електронскиот систем – iknow се затвора и студентот ќе може да го запише семестарот административно со доставување на уплата за задоцнето запишување на семестар на жиро сметка на ФЕИТ од 1.500,00 ден. (Ценовник)
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Студентот ги запишува предметите според реалната ситуација во моментот кога го запишува семестарот во iknow. Доколку таа ситуација се измени заради положување на предмет, промената ќе биде извршена врз основа на доставување на нов интерен лист (Интерен лист), со “Забелешка“ – да наведе кој предмет е положен и со кој предмет истиот да биде заменет. Истото да се напомене при предавање на документите на шалтерите во Одделението за студентски прашања.
- Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар, според следните правила:
- Во секој семестар студентот запишува предмети со најмногу 35 кредити, а најмалку 21 кредит,
- При запишувањето на семестарот студентот прво ги запишува неположените задолжителни и изборни предмети од претходниот зимски семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, при што вкупните студиски обврски во семестарот не надминуваат 35 кредити, Се замолуваат студентите строго да ги почитуваат правилата за запишување на предметите. Во спротивно корекцијата на избраните предмети ќе биде направена административно од страна на Одделението за студентски прашања.
- Студентите кои студираат според акредитација 2022 ги запишуваат предметите согласно студиската програма на која студираат, односно запишувањето на задолжителните, изборните и предметите од факултетската листа ќе се врши САМО од понудените предмети на соодветната студиската програма. (види информациски пакет за секоја студиска програма на веб страницата на ФЕИТ – www.feit.ukim.edu.mk)
- Студентот може да запише повеќе од 35 кредити само доколку ги исполнува следниве услови: положени предмети и реализирани кредити од сите претходно запишани семестри со просечна оценка најмалку 8,5. Студентот кој ги исполнува овие услови и сака да запише поголем број кредити од 35, поднесува Барање за одобрување на запишување поголем број кредити до продеканот за настава на ФЕИТ (во писмена форма со уплата од 50,00 ден. за адм. т-са, преку студентската архива на Факултетот).
НАПОМЕНА: Ќе бидат разгледувани доставените молби за запишување на повеќе од 35 кредити само на оние студенти кои ги исполнуваат погоре наведените услови.
Помалку од 21 кредит може да запишат студентите кои запишуваат последен семесар.
- При запишување на предметите, потребно е да бидат исполнети предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во информациските пакети за секоја студиска година, дадени на веб страницата на Факултетот.
- Доставување на документите од 22.9 до 2.10.2025 година
Комплетните документи студентот ги доставува на шалтерите на Одделението за студентски прашања.
Студентите кои нема да ги почитуваат предвидените рокови, уписот на семестарот ќе може да го реализираат со поднесување молба за задоцнет упис и надомест, согласно Анексот на Правилникот за студирање на УКИМ за надоместоци. Истото важи и за студентите кои ќе се пријават електронски, но нема да достават комплетни документи во Одделението за студентски прашања во предвидениот рок. При тоа, тие ќе бидат избришани и од електронската евиденција.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Индекс (во кој треба да бидат впишани предметите што студентот ги слушал во летниот семестар 2024/2025 – сместарот што се заверува).
ВАЖНО: Доколку индексот е во Одделението за студентски прашања заради нерегулирани обврски во претходниот семестар, прво ќе се завршат заостанатите обврски со заверка/упис на претходниот семестар, а потоа ќе се примаат документите за новиот зимски семестар 2025/2026.
ВАЖНО: Потписите за сите запишани предмети во летниот семестар 2024/2025 треба да бидат регулирани во iknow системот. За регулирани обврски при заверка на семестар се смета кога студентот ги има добиено сите потписи во iknow системот или доставил уплата од 1.000,00 ден. за административно регулирање на нереализирани академски обврски – неземен потпис.
- Eлектронски образец за статистика ВОИ.20. – поставен на платформата Uslugi.gov.mk, на која секој студент со активен профил ќе може да го пополни образецот во електронска наместо во хартиена форма. Секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Откако ќе се пополни електронскиот образец ВОИ.20 од системот се добива генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец студентот е потребно да го достави во одделението за студентски прашања.
- Потврда за сите потребни уплати за заверка и запишување на семестар
- Може да се уплатат електронски преку iknow системот
- после валидација на запишаните предмети од страна на Одделението за студентски прашања.
- Може да се уплатат и на вирман во банка, пошта или електронско банкарство и да се донесе потврда за уплатата
3.1. Уплата од 100,00 ден. за трошоци за запишување и заверување на семестар
со назнака: запишување и заверка на семестар.
Депонент (Банка): НБРМ
Трезорска сметка: 100000000063095
Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18
Повикување на број: 723019, програма 41
3.2. Уплата за партиципација (државна квота: број на кредити х 205,00 ден. или квота со кофинансирање: број на кредити х 410,00 ден.) на жиро сметка на ФЕИТ:
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Депонент: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Трезорска подсметка: 1600104286 788 14
Повикување на број: 723012, програма 41
Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
3.3. Уплата во вкупен износ од 1.700,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ, со цел на дознака: материјални трошоци (Набавка на материјални ресурси за реализација на студиска програма).
Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
Депонент: НБРМ
Tрезорска сметка: 100000000063095
Трезорска подсметка: 1600104286 788 14
Повикување на број: 723012, програма 41
Цел на дознака: Материјални трошоци
3.4. Уплата во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА – ФЕИТ,
Банка: НБРМ,
жиро с-ка: 100000000063095,
сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18,
приходна шифра: 723012 41.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА РАЗЛИЧНИ КАТЕГОРИИ НА СТУДЕНТИ
Студенти кои ги положиле сите испити, а го запишуваат/презапишуваат само дипломскиот труд
- Индекс;
- Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар со назнака: запишување и заверка на семестар. (во зимскиот сместар 2025/2026 се запишува само дипломскиот труд)
- Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно потпишана од менторот и од кандидатот и заверена во архивата на факултетот и уплата за адмнистративна такса од 50,00 ден.)(Процедури за дипломска работа).
- Потврда за извршена уплата на партиципација – 9 кредити за дипломски труд, на факултетската жиро сметка (државна или квота со кофинансирање,).
- Потврда за извршена уплата од 1.000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: административен трошок за запишување на семестар;
- Eлектронски образец за статистика ВОИ.20. Електронскиот образец е поставен на платформата Uslugi.gov.mk, на која секој студент со активен профил ќе може да го пополни образецот во електронска наместо во хартиена форма. Секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Откако ќе се пополни електронскиот образец ВОИ.20 од системот се добива генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец студентот е потребно да го достави во одделението за студентски прашања.
Студенти кои ги положиле сите испити и го запишале дипломскиот труд во претходниот семестар (празен семестар)
- Индекс;
- Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар со назнака: запишување и заверка на семестар.
- Потврда за извршена уплата од 1.000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: административен трошок за запишување на семестар;
- Eлектронски образец за статистика ВОИ.20. Електронскиот образец е поставен на платформата Uslugi.gov.mk,, на која секој студент со активен профил ќе може да го пополни образецот во електронска место во хартиена форма. Напоменуваме дека секој студент треба да има креирано корисничка сметка на ниско ниво. Секој студент што ќе го пополни електронскиот образец ВОИ.20 од системот ќе добие генериран документ (образец) и потврда за успешно доставен образец. Оваа потврда за успешно доставен образец и/или генерираниот образец студентот е потребно да го достави до студентски прашања
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Студентите кои плаќањето на финансиските обврски за летниот семестар 2024/2025 го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на ратата што недостасува на жиро-сметка на Факултетот.
- Студентите можат да ја користат можноста за онлајн плаќање преку iknow системот. Во делот за запишување на нов семестар на студентската страна, на студентот ќе му биде прикажан износот кој треба да го плати како школарина (според бројот на запишани кредити), како и на сите други дополнителни плаќања за соодветниот зимски/летен семестар, вклучувајќи ја и провизијата, откако избраните запишани предмети ќе бидат валидирани од Одделението за студентски прашања. Со клик на копчето “Плати онлајн“ студентот се пренасочува кон страната за онлајн плаќања на која треба да ги внесе информациите за својата дебитна/кредитна картичка.
- Студентите кои при запишувањето на зимскиот семестар 2025/2026 имаат освоено 200 кредити од положени задолжителни и изборни предмети, студентска пракса и курсеви, задолжително го запишуваат и дипломскиот труд. При тоа доставуваат Пријава за дипломски труд (во четири примероци претходно потпишани од менторот и од кандидатот и заверени во архивата на Факултетот со 50,00 ден. административна такса),(Процедури за дипломска работа). Краен рок за доставување на комплетната пријава за дипломски труд е 31.10.2025 година.
- Студентот нема право да ги полага испитите по оние предметите за кои не се исполнети академските обврски (нема потпис во iKnow). Доколку овие предмети се задолжителни, студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година, а ако се изборни студентот може да ги презапише истите или да ги замени со нови изборни предмети.
- Студентот може да поднесе молба за промена на веќе избран изборен предмет, најдоцна до 17.10.2025 година, односно непосредно по почетокот на зимскиот семестар, со доставување на молба со 50 ден. административна такса преку архивата на Факултетот и надомест од 1.500,00 денари согласно Анексот на Правилникот за студирање на УКИМ за надоместоци.
- Студент кој ги положил сите предмети и го запишал дипломскиот труд во претходната академска година, истиот треба да го одбрани најдоцна до 30.09.2025 година. Во спротивно, за да го задржи статусот редовен студент тој е должен да запише зимски семестар 2025/2026 според обврските што му преостануваат до дипломирање.
- Запишаниот дипломски труд во зимскиот семестар 2024/2025 година студентот има право да го одбрани во рок од една година, односно најдоцна до 30.09.2025 година. Доколку дипломскиот труд не се одбрани во овој рок истиот се презапишува со можност за промена на ментор и тема и со соодветна уплата согласно Анексот на Правилникот за студирање на УКИМ за надоместоци.
- Максималниот број студенти кои можат да пријават дипломски труд кај еден ментор е 15 студенти (во периодот од 1.10.2025 до 30.9.2026 година).
- Студент на кој овој зимски семестар 2025/2026 му е последен предвиден семестар треба да ги има извршено обврските во однос на студентската пракса. Пред дипломирање студентот треба да има извршено најмалку три месеци пракса (за едномесечна пракса се признаваат лабораториските вежби после прва година).(Процедура за студентска пракса)
- Студентите кои ги продолжуваат своите студии на студиските програми според акредитација 2017 ги запишуваат предметите определени на нивната студиска програма според акредитација 2017. При тоа, наставата за запишаните предмети кои имаат еквивалент на новите студиски програми акредитација 2022, ќе се реализира со нивниот еквивалент. За предметите кои што немаат еквивалент на новите студиски програми, наставата ќе се реализира менторски, при што студентите ќе го полагаат испитот кај наставникот од кого последно имаат добиено потпис. (Одлука за режим на настава)
Преминување од државна квота во квота со школарина (кофинансирање)
- Согласно Правилата за студирање, студентот го губи статусот на студент запишан во државна квота (квота со партиципација) и ги продолжува студиите во квота со школарина (квота со кофинансирање) ако:
- еден предмет запише по трет пат,
- не освои најмалку 50% од запишаните ЕКТС кредити во соодветниот зимски/летен семестар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.
Скопје, 9.9.2025 година
Одделение за студентски прашања при ФЕИТ