СООПШТЕНИЕ – заверка на зимски семeстар 2023/2024 и упис на летен семестар 2023/2024

Објавено: јануари 10, 2024

Заверката на зимскиот семестар 2023/2024, како и запишувањето на летниот семестар во учебната 2023/2024 година за студентите запишани на прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скоп­­­је, ќе ги содржи следниве чекори:

  1.  Електронско пријавување од 25.1. до 9.2.2024 година

Во системот iKnow www.iknow.ukim.edu.mk секој студент треба да го запише летниот семетар 2023/2024 и да ги избере соодветните предмети.

  1.   Резервирање термин за доставување на документите од 1.2. до 14.2.2024 година

На порталот е-Курсеви, (во Виртуелни училници, во курсот Студентска служба/Запишување летен семестар 2023/2024), креирана е активност Закажување термин (упатство за користење на активноста), преку која секој студент задолжително треба да избере термин помеѓу 12:00 и 15:00 часот, во периодот од 1.2. до 14.2.2024 година.  Во резервираниот термин студентот ќе може да ги доста­ви комплетните документи на шалтерите на Одделението за студентски прашања според следниот распоред:

Почетна година на студирање Денови во кои може да се резервира термин помеѓу 12 и 15 часот
2023 1.2.2024 2.2.2024 5.2.2024
2022 1.2.2024 2.2.2024 5.2.2024
2021 6.2.2024 7.2.2024 8.2.2024
2020 6.2.2024 7.2.2024 8.2.2024
2019 9.2.2024 12.2.2024 13.2.2024
2018 9.2.2024 12.2.2024 13.2.2024
2017 и порано 12.2.2024 13.2.2024 14.2.2024

 

  1.  Доставување на документите од 1.2.2024 до 14.2.2024 година

Комплетните документи студентот ги доставува на шалтерите на Одделението за студентски прашања исклучиво во резервираниот термин. (Ве замолуваме за строго почитување на закажаниот термин)

Студентите кои нема да ги почитуваат предвидените рокови, уписот на семестарот ќе може да го реализираат со поднесување молба за задоцнет упис и надомест, согласно ценовникот на ФЕИТ. Истото важи и за студентите кои ќе се пријават електронски, но нема да достават комплетни документи во Одделението за студентски прашања во предвидениот рок.

Потребни документи за заверка на зимскиот семестар:

  1. Индекс (во кој задолжително треба да бидат впишани предметите што студентот ги слушал во зимскиот семестар).
  2. Образец А4 (Семестрален лист за заверка на семестар) пополнет со предметите што студентот ги слушал во зимскиот семестар)

ВАЖНО: Потписите за сите запишани предмети во зимскиот семестар 2023/2024 треба да бидат регулирани во iknow системот. Доколку се достават документи за заверка на семестарот без регулирани обврски ќе се смета дека документите за заверка не се доставени навреме и заверката ќе биде направена со уплата од 500 ден. со цел на дознака: задоцнета заверка. За регулирани обврски при заверка на семестар се смета кога студентот ги има добиено сите потписи во iknow системот или доставил уплата од 1000 ден. за недобиен потпис.

  1. Студентите кои плаќањето на финансиските обврски за зимскиот семестар 2023/2024 го реализираат на повеќе рати, потребно е да достават уплатница со реализирана уплата на ратата што недостасува.

     4. За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ, студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во зимскиот семестар 2023/2024 година.     Електронската анкета се пополнува на адресата http://anketa.feit.ukim.edu.mk/ и ќе биде достапна од 25.1.2024 година. Како доказ за пополнета анкета се приложува принт од последната страна од анкетата. Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар.

     5.  Студентите кои во учебната 2023/2024 година беа по првпат во прва година (бруцоши) треба да имаат во индексот печат од ЗУ Поликлиника на УКИМ дека имаат направено систематски преглед. Направениот систематски преглед е задолжителен услов за заверка на зимскиот семестар 2023/2024 и упис на летниот семестар 2023/2024 година. (линк до соопштение за систематски преглед)

Потребни документи за запишување летен семестар:

  1. Индекс

ВАЖНО: Доколку индексот е во Одделението за студентски прашања заради нерегулирани обврски во претходниот семестар, прво ќе се завршат заостанатите обврски со заверка/упис на претходниот семестар, а потоа ќе се примаат документите за новиот летен семестар 2023/2024.

  1. Образец А3 за запишување семестар (се запишуваат предметите што ќе се слушаат во летниот семестар 2023/2024);

ВАЖНО: Студентот ги запишува предметите според реалната ситуација во моментот кога ги доставува документите. Доколку таа ситуација се измени заради положување на предмет, промената ќе биде извршена врз основа на доставување на нов интерен лист, а во делот “Забелешка“ во Iknow системот се препорачува студентот да наведе за кој предмет се чекаат резултати и со кој предмет истиот да биде заменет. Истото да се напомене при предавање на документите на шалтерите во Одделението за студентски прашања.

  1. Интерен пријавен лист со предмети (се печати страницата од iknow системот со избраните предмети што ќе се слушаат во летниот семестар 2023/2024)
  2. Уплата за партиципација /државна квота: број на кредити Х 205,00 ден.или квота со школарина /кофинансирање: број на кредити Х 410,00 ден. на жиро сметка на Факултетот:
    • Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
    • Депонент: НБРМ
    • Tрезорска сметка: 100000000063095
    • Трезорска подсметка: 160010428678814
    • Повикување на број: 723012, програма 41
    • Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити

ВАЖНО: Студентите имаат можност да ја користат можноста за онлајн плаќање преку iknow системот. Во делот за запишување на нов семестар на студентската страна, на студентот му е прикажан износот кој треба да го плати како школарина (според бројот на запишани кредити), како и на сите други дополнителни плаќања за соодветниот семестар, вклучувајќи ја и провизијата. Со клик на копчето “Плати онлајн“ студентот е пренасочен кон страната за онлајн плаќања на која треба да ги внесе информациите за својата дебитна/кредитна картичка.

  1. Студентите кои студираат според наставен план 2012, а се во последниот претпоставен семестар треба да достават потврда за извршена уплата на 3 кредити за реализирана пракса на факултетската жиро сметка (задолжително се уплаќа на посебна уплатница, со цел на дознака: уплата на кредити за пракса). Сите останати студенти (оние кои студираат според наставен план 2017 и 2022) студентската пракса ја запишуваат во претпоставениот последен семестар, а не порано.
  2. Студентите кои при запишувањето на летниот семестар имаат освоено 200 кредити од положени предмети, студентска пракса и курсеви, задолжително го запишуваат и дипломскиот труд. При тоа доставуваат Пријава за дипломска работа (во четири примероци претходно потпишани од менторот и од кандидатот) и 50,00 ден. административна такса.
  • Краен рок за доставување на комплетната пријава за дипломски труд е 15.3.2024 година.

ВАЖНО: Студентите запишани на прв циклус студии на ФЕИТ заклучно со учебната 2021/2022 (акредитација 2017), а кои до почетокот на учебната 2023/2024 година не се стекнале со 60 кредити, административно преминуваат на соодветни студиски програми од акредитација 2022. (линк до одлука) На студентите кои го продолжиле своето студирање на некоја од студиските програми акредитација 2022 им се еквивалентираат положените предмети и за тоа треба да достават уплата од 2000 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: промена на студиска програма/еквиваленција. (одлука за еквиваленција + табела со еквиваленција)

Студенти кои ги положиле сите испити, а го запишуваат/презапишуваат само дипломскиот труд

  1. Индекс;
  2. Образец А4 за заверка на семестар (доколку во зимскиот семестар студентот слушал предмети);
  3. Анкета (доколку во зимскиот семестар студентот слушал предмети),
  4. Образец А3 за запишување семестар,(се запишува само дипломскиот труд);
  5. Интерен пријавен лист со запишан дипломски труд – истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на iknow.ukim.edu.mk. Дипломскиот труд се запишува/презапишува како предмет со можност за промена на менторот и темата доколку се презапишува.
  6. Пријава за дипломска работа (во четири примерока, претходно потпишани од менторот и од кандидатот) и 50,00 ден. административна такса)(линк кон документи пријава за ДТ).
  7. Потврда за извршена уплата на партиципација – 8 или 9 кредити за дипломски труд (државна или квота со кофинансирање,).

Студенти кои ги положиле сите испити и го запишале дипломскиот труд во претходниот семестар (т.н. Празен семестар)

  1. Индекс;
  2. Образец А4 за заверка на семестар (ако слушале предмети или само запишале дипломски труд во зимскиот семестар);
  3. Образец А3 за запишување на семестар;
  4. Потврда за извршена уплата од 1000,00 ден. на жиро сметка на ФЕИТ со цел на дознака: административен трошок за запишување на семестар;

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Услови за заверување на зимскиот семестар

  1. Студентот може да го завери зимскиот семестар само ако ги исполнил академските обврски за сите предмети што ги запишал во дадениот семестар.
  • Потврда за исполнети академски обврски за предмет претставува добиен потпис во електронскиот систем iKnow.
  1. Семестарот може да се завери и без потпис за еден или повеќе предмети, за што се плаќа надомест од 1.000,00 денари на жиро-сметката на Факултетот, со што се овозможува да се заверат останатите предмети, за кои студентот добил потпис во iKnow.
  • Студентот нема право да полага испити по оние предмети за кои не се исполнети академските обврски (нема потпис во iKnow). Доколку предметите се задолжителни, студентот е должен да ги запише и ислуша во следната учебна година, а ако се изборни студентот може да ги презапише истите или да ги замени со нови изборни предмети.

Правила за запишување на летниот семестар

  1. Секој студент што запишува летен семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во летниот семестар, според следните правила:
  • Во секој семестар студентот запишува предмети со најмногу 35 кредити, а најмалку 21 кредит,
  • При запишувањето на семестарот студентот прво ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот летен семестар, потоа задолжителните предмети од тековниот семестар и на крај, изборните предмети од тековниот семестар, при што вкупните студиски обврски во семестарот не надминуваат 35 кредити,
  • Студентите кои студираат според акредитација 2022 ги запишуваат предметите согласно студиската програма на која студираат, односно запишувањето на задолжителните, изборните и предметите од факултетската листа ќе се врши од понудените предмети на соодветната студиската програма.(види: информациски пакет за секоја студиска програма на веб страната на ФЕИТ)
  • Студентот може да запише повеќе од 35 кредити само доколку ги исполнува следниве услови: положени предмети и реализирани кредити од сите претходно запишани семестри со просечна оценка најмалку 8,5.

Студентот кој ги исполнува овие услови и сака да запише поголем број кредити од 35, поднесува Барање за одобрување на запишување поголем број кредити до продеканот за настава на ФЕИТ во писмена форма со уплата од 50,00 ден. за адм. такса. Во Барањето задолжително да се наведе името и шифрата на предметот кој се бара да се запише.

НАПОМЕНА: Ќе бидат разгледувани доставените молби за запишување на повеќе од 35 кредити само на оние студенти кои ги исполнуваат погоре наведените услови.

  • Помалку од 21 кредит може да запишат студентите кои запишуваат предмети, односно кредити за да го освојат потребниот минимум од 232 кредити (оние кои студираат според наставен план 2012), односно 231 кредит (оние кои студираат според наставен план 2017) потребен за да имаат право да го бранат дипломскиот труд.
  1.  При запишување на предметите, потребно е да бидат исполнети предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во инфор­мациските пакети за секоја студиска година, дадени на веб страницата на Факултетот.
  2. Студентот може да поднесе молба за промена на веќе избран изборен предмет, најдоцна до 1.3.2024 година, односно непосредно по почетокот на летниот семестар, со доставување на молба со 50 ден. административна такса преку архивата на Факултетот и  надомест од 1.000,00 денари.
  1. Студент кој ги положил сите предмети и го запишал дипломскиот труд, истиот треба да го одбрани најдоцна до 14.02.2024 година. Во спротивно, за да го задржи статусот редовен студент, тој е должен да запише летен семестар 2023/2024 според обврските што му преостануваат до дипломирање.
  2. Запишаниот дипломски труд во летниот семестар 2023/2024 година студентот има право да го одбрани во рок од една година, односно најдоцна до 14.02.2025 год. Доколку дипломскиот труд не се одбрани во овој рок истиот се презапишува со можност за промена на ментор и тема.
  1. Максималниот број студенти кои можат да пријават дипломски труд кај еден ментор е 15 студенти (во периодот од 1.10.2023 до 30.9.2024 година).
  1. Пред дипломирање студентот треба да има извршено најмалку три месеци пракса (за едномесечна пракса се признаваат лабораториските вежби после прва година).
  2. Студентите кои ги продолжуваат своите студии на студиските програми според акредитација 2017 ги запишуваат предметите определени на нивната студиска програма според акредитација 2017. При тоа, наставата за запишаните предмети кои имаат еквивалент на новите студиски програми акредитација 2022, ќе се реализира со нивниот еквивалент. За предметите кои што немаат еквивалент на новите студиски програми, наставата ќе се реализира менторски, при што студентите ќе го полагаат испитот кај наставникот од кој последен имаат добиено потпис. (одлука за режим на настава)

Преминување од квота со партиципација во квота со школарина

  1. Согласно Правилата за студирање, студентот го губи статусот на студент запишан во квота со партиципација (државна квота) и ги продолжува студиите во квота со школарина (квота со кофинансирање) ако:
  • еден предмет запише по трет пат,
  • не освои најмалку 50% од запишаните ЕКТС кредити во соодветниот зимски/летен семестар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.

ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ

Студентите треба да достават уплатница за реализирани финансиски обврски за студирањето, на жиро-сметкатата на факултетот:

  • За студентите запишани во квота со партиципација (државна квота) финансиските обврски изнесуваат 100 ЕВРА во денарска противвредност (6.150,00 ден) за 30 кредити. Цената на еден кредит изнесува 205,00 ден.
  • Студентите кои плаќаат школарина (квота со кофинансирање на студирањето), финансиските обврски изнесуваат 200 ЕВРА во денарска против­вредност (12.300,00 ден) за 30 кредити. Цената на еден кредит изнесува 410,00 ден.
  • Студентите плаќаат за партиципација/школарина според бројот на запишани кредити (пример: за запишани 28 кредити Х 205,00 ден./410,00 ден.= 5740,00 ден./11480,00 ден.)

При уплатата се користи образецот ПП50, а во соодветните полиња се внесува:

  • Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии
  • Банка на примачот: НБРМ
  • Tрезорска сметка: 100000000063095
  • Сметка на буџетски корисник: 160010428678814
  • Приходна шифра: 723012, програма 41
  • Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити

Скопје, 10.01.2024 година                                                                                                                                                                    Одделение за студентски прашања при ФЕИТ