Започнување на часовите за подготвителна настава по Програмирање

Објавено: септември 21, 2023

Факултетот за електротехника и информациски технологии и годинава организира подготвителни курсеви по предметите основи на програмирање (Code@FEIT). Курсот ќе се реализира во 20 школски часа,  во периодот од 25. до 29. септември 2023 година.

На подготвителните курсеви ќе се потенцираат предзнаењата што треба новите студенти да ги имаат за да се вклучат успешно во наставата.

Основи на програмирање (Code@FEIT)

Тема 1 Тема 2

 

Тема 3

 

Тема 4

 

Тема 5

 

Запознавање со Java.

Вовед во основните концепти на програмирање

 Типови податоци, константи и променливи

 Запознавање со оператори и операции

Запознавање со структурите за избор и концепт на функции/методи Запознавање со структури за повторување и подетална работа со функции. Запознавање со низите како податочни структури;

Алгоритми за сортирање.

Користење на научениот материјал за решавање на

практични проблеми.

4 часа 4 часа 4 часа 4 часа 4 часа
Просторија 122

во 10 часот

Просторија 122

во 10 часот

Просторија 122

во 10 часот

Просторија 122

во 10 часот

Просторија 122

во 10 часот

Пријавувањето се врши со пополнување на апликација на следниов линк:

https://forms.gle/JfSJVYwAqerJxXzJ8

Цената на курсот, што треба да се уплати на факултетската жиро сметка изнесува 2000 ден. Кандидатите при алицирањето треба да прикачат уплатница со цел на дознака:

  • за Code@FEIT 2023

За сите дополнителни информации соодветно на курсевите обратете се со е-мејл до

codeatfeit@feit.ukim.edu.mk

Институт за компјутерски технологии и инженерство