ОКТА доделува стипендии за постдипломски студии на УКИМ и во странство

Објавено: април 2, 2026

ОКТА АД – Скопје, и оваа година продолжува со поддршка на талентираните студенти преку доделување стипендии за постдипломски студии за академската 2026/2027 година.

Во овој нов повик, зголемен е бројот на академските области за аплицирање, а дополнет е и со  можноста за делумно покривање на трошоците за живот во согласност со однапред утврдени критериуми. ОКТА АД – Скопје продолжува со својата долгорочна посветеност за поддршка на образованието и развојот на млади професионалци. 
Во рамки на Програмата за стипендии на ОКТА АД – Скопје, членка на Групацијата HELLENiQ ENERGY, и оваа година ќе бидат доделени две стипендии за редовни постдипломски студии, со максимално времетраење од две години. Едната стипендија е наменета за студии во странство, со можност за аплицирање на универзитети низ Европа, Северна Америка и Австралија, додека втората стипендија се однесува на студии во Република Северна Македонија. 

Повеќе детали за повикот на следниот линк

Апликациите се поднесуваат исклучиво онлајн, преку платформата: https://scholarships.helleniqenergy.gr/rnm, каде може да се најдат сите информации и критериуми поврзани со Програмата за стипендии за втор циклус на студии. Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18 мај 2026 година.