Потребни документи за запишување на примените кандидати на втор циклус стидии во првиот рок 2025

Објавено: октомври 17, 2025

Запишувањето на примените кандидати во првиот уписен рок на втор циклус студии во учебната 2025/2026 година ќе се врши од 20.10 и 21.10.2025 година од 12:30 до 14:30 часот на шалтерите на Одделението за студентски прашања, со доставување на следните документи:

  • Индекс (пополнет),
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3),
  • Статистички образец (ВОИ.80А) – се добива од Oдделението за студентски прашања,
  • Договори за студирање (се добиваат во Одделението за студентски прашања),
  • Уплата за школарина од 750 евра (во денарска противвредност) – за прва рата на жиро сметка на ФЕИТ:

Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и инфомациски технологии

Банка на примачот: НБРМ

Tрезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600104286 788 14

Приходна шифра: 723012, програма 41

Цел на дознака: школарина за упис на зимски семестар 2025/2026

  • Потврда за уплатени 100,00 ден. Трошоци за запишување и заверување на семестар, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје со назнака: запишување и заверка на прв/зимски семестар 2025/2026.

  Депонент: НБРМ

  Трезорска сметка: 100000000063095

  Cметка на буџетски корисник: 1600103689 788 18

  Повикување на број: 723019, програма 41