С О О П Ш Т Е Н И Е – Електронски упис на семестар за студентите од II циклус студии запишани во вториот уписен рок 2022/2023

Објавено: март 1, 2023

Во периодот

од 1.3. до 3.3.2023 година

сите студенти запишани на втор циклус студии во вториот уписен рок  2022/2023 година треба да извршат електронско запишување на семестарот во iKnow системот (упатството за студенти).

При запишување на семестарот студентот ги запишува предметите што ќе ги слуша во овој прв (летен семестар) во учебната 2022/2023 година.

Студентите кои во дадениот рок нема да го реализираат електронското запишување, истото ќе можат да го направат по истекот на овој рок во Одделението за студентски прашања со финансиски надомест од 500,00 ден.

За сите технички проблеми поврзани со системот iKnow студентите може да се обратат до систем администраторот на електронската адреса: webadmin@feit.ukim.edu.mk