Соопштение за заверка на летен семестар 2020/2021 за студентите од втор циклус

Објавено: јуни 4, 2021

                 УНИВЕРЗИТЕТ  “СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ

        ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

СООПШТЕНИЕ

                                                                              – ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ  –

    ЗАВЕРКА  на  летен семестар 2020/2021 г.

За студентите од втор циклус кои запишале/презапишале предмети

во летен семестар 2020/2021 г.

 

Доставувањето на комплетните документи за заверка на соодветниотот семестар во учебната 2020/2021 година ќе се врши во Читалната од 12:00 до 14:00 часот, во периодот од  7.6 до 17.6.2021 година.

Потребни документи:

  1. Индекс (потписите за реализираните обврски за предметите мора да бидат внесени во системот  iKnow)
  2. Образец А4 за заверување семестар (пополнет со предметите што се слушале во соодветниот семестар)
  3.  Уплатници со реализирана уплата на рата на жиро-сметка на Факултетот

 НАПОМЕНА:

  • Празен семестар не треба да се заверува
  • За задоцнета заверка на семестарот студентите плаќаат по 500,00 денари административен трошок на факултетската жиро сметка.

 

                                                       Одделение за студентски прашања при ФЕИТ

Скопје,  4.6.2021 година