Соопштение – запишување на зимски семестар 2025/2026 за втор циклус студии за генерации запишани студенти заклучно со 2024/2025 прв и втор уписен рок

Објавено: октомври 13, 2025

Доставување на документи за запишување на зимски семестар за учебна 2025/2026 година, ќе се врши во Одделението за студентски прашања на ФЕИТ од 12.30 го 14.30 од

16.10-17.10.2025 година

Online пријавувањето е задолжително. Во iKnow системот (www.iknow.ukim.mk) секој студент треба да го запише зимскиот семестар 2025/2026 и предметите што ќе ги слуша во овој семестар.

Забелешка

По изминувањето на дадениот рок, online системот за пријавување ќе биде оневозможен и студентите ќе може да го запишат семестарот административно со поднесување:

  • молба
  • 50 денари административна такса
  • 1500 денари на жиро сметка на ФЕИТ, со цел на дознака: Задоцнет упис на семестар (Ценовник)

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ за запишување на зимски семестар 2025/2026 година

  1. Индекс
  2. Уплата од 100 денари за трошоци за запишување и заверка на семестар на сметката на УКИМ

Со дознака-запишување и заверка на семестар

Депонент (банка): НРБМ

Трезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600103689   788   18

Повикување на број:    723019, програма 41

       3. Уплата на школарина на сметка на ФЕИТ

Назив на примач: УКИМ-Факултет за електротехника и информациски технологии

Депонент: НРБМ

Трезорска сметка: 100000000063095

Трезорска подсметка: 1600104286   788   14

Повикување на број: 723012, програма 41

Цел на дознака: Школарина за втор циклус студии


ЗАБЕЛЕШКА

Студентите кои се запишани во втор рок 2024/2025 година, доставуваат потврда за уплатенавтора рата за школарина во износ од 750 евра во денарска противвредност. Студентите кои плаќаат на рати ја уплаќаат третата рата за школарина.

СТУДЕНТИ КОИ ПРЕЗАПИШУВААТ ПРЕДМЕТИ

  • За неположените предмети, презапишани по прв пат  се уплаќа  сума од 50 евра во денарска противвредност по презапишан предмет.  
  • За секое следно презапишување на предмет студентот го уплаќа целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет, односно 1 кредит х 25 евра (на пример 150 евра (6ЕКТС*25ЕУР) во денарска противвредност за предмет од 6 ЕКТС кредити).

ЗАПИШУВАЊЕ НА ПРАЗЕН СЕМЕСТАР

Сите студенти, кои ги положиле сите предмети,  запишуваат празен семестар при што наместо школарина уплаќаат 1000 денари за празен семестар на сметка на ФЕИТ. Останатите документи за запишување остануваат исти.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА НА СЕМЕСТАР

Забелешка: Летниот семестар 2024/2025 го заверуваат само студентите кои истото не го направиле во определениот рок за тоа, а во летниот семестар 2023/2024 година слушале предмети.

Потребни документи за заверка на летен семестар 2024/2025 година се:

  1. Индекс со уредно пополнети предмети, кои се слушани во летен семестар 2024/2025 година
  2. Уплата за рата (доколку школарината се плаќа на рати)
  3. Внесени потписи во Iknow системот за сите слушани предмети

Забелешка: Доколку за некој предмет (или повеќе предмети) не се добиени потписи, се доставува уплата од 1000 ден. по предмет на с-ка на ФЕИТ со цел на дознака: недобиен потпис

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ:

  1. Неположените задолжителни предмети студентот има обврска да ги презапише, а неположените изборни премети можат да се презапишат или да се заменат со друг изборен предмет;
  2. Студентите кога презапишуваат неположен предмет по прв пат уплаќаат 50 евра (во денарска противвредност) по предмет, а при секое следно презапишување на предметот го плаќаат целиот износ на кредити што ги носи презапишаниот предмет (1 кредит Х 25 евра);
  3. Тема за магистерски труд се пријавува со освоени 30 кредити;
  4. Крајниот рок за пријавување тема за изработка на магистерски труд е по истекот на три семестри од уписот. Студентите кои по истекот на овој рок немаат освоено 30 кредити, должни се да уплатат 100 евра (во денарска противвредност) заради неисполнет услов за пријавување тема;
  5. Ако темата за магистерскиот труд не е пријавена на ННС по истекот на четири семестри, студентот е должен да го презапише магистерскиот труд како предмет со уплата од 600 евра (во денарска противвредност) на сметката на ФЕИТ.

 

Скопје, 13.10.2025 година

 

Одделение за студентски прашања на ФЕИТ