I. Пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии на Втор циклус во вториот уписен рок во учебната 2021/2022 година ќе се врши:
од 7. 2. 2022 до 18. 2. 2022 година
во Студентска служба на ФЕИТ од 12:30 до 14:00 часот
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот.
Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
II. Запишувањето на кандидатите ќе се врши:
од 23. 02. 2022 до 25. 02. 2022 година
во Студентска служба на ФЕИТ од 12:30 до 14:00 часот
III. Потребни документи за пријавување:
- Пријавен лист за запишување (А1 образец);
- Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – интерен и универзитетски пријавен лист;
- Оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
- Куса биографија (CV);
- Потврда за активно познавање странски јазик;
- Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00);
- Извод од матична книга на родените (оригинал);
- Препораки од наставни или научни работници (доколку има);
- Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има);
- Документи за евентуални награди – признанија (доколку има).
IV. Потребни документи за запишување на применти кандидати:
- индекс и пријавен лист – А3 образец ( пополнети со предмети што се слушаат во прв семестар);
- две фотографии (3,5 х 4,5);
- статистички образец -ВОИ.80А (се добива во студентска служба);
- Уплата од прва рата.
Скопје, 1. 2. 2022 година
Одделение за студентски прашања на ФЕИТ