Втор циклус- прв уписен рок 2023/2024

Објавено: септември 21, 2023

С О О П Ш Т Е Н И Е

Втор циклус, прв уписен рок-

Пријавување и запишување

Електронското пријавувањето на кандидатите за упис на Факултетот за електротехника и информациски технологии во учебната 2023/2024 година во првиот уписен рок е отворено и ќе се врши до 13.10. 2023 година..

Секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Докуметите не се прикачуваат во системот.

Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување се внесува и во пријавата што се поднесува при пријавувањето во А1 образецот.

  1. Пријавување

Документите за пријавување  задолжително се предаваат  во хартиена форма од 2.10. до 13.10. 2023 г. во  Одделението за студентски прашања на ФЕИТ  од 12:30 до 14:30 часот.

Потребни документи за пријавување:

  • Пријавен лист за запишување (А1 образец, се купува во книжара). Во образецот се наведува бројот на електронската пријава
  • Електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk) – интерен и универзитетски пријавен лист
  • Оригинален документ за завршен прв циклус студии (уверение и оценки);
  • Куса биографија (CV)
  • Потврда за активно познавање странски јазик (од Филолошки факултет, Центар за странски јазици, положен странски јазик за време на студии и сл.)
  • Потврда за уплатена административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50): Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Тансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  • Извод од матична книга на родените (оригинал и копија)
  • Препораки од наставни или научни работници (доколку има)
  • Список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку има)
  • Документи за евентуални награди и признанија (доколку ги има)
  • Изјава за користење лични податоци (се печати од електронската пријава)
  1. Запишување

Запишувањето ќе се врши на 16. и 17.10.2023 г. од 12:30 до 14:30 часот во  Одделението за студентски прашања на ФЕИТ.

Примените кандидати поднесуваат:

  • Индекс и пријавни листови (А3 образец) – пополнети;
  • Две фотографии (3,5 х 4,5) + една за студентска легитимација (2×3)
  • Статистички образец (ВОИ.80А – се добива од Oдделението за студентски прашања);
  • Уплата за прва рата во износ од 750 евра во денарска противвредност.

(Факултетот овозможува вкупната школарина од 1500 евра во денарска противвредност  да се плати на 4 рати со потпишување Изјава која се добива при упис).

 

Скопје, 21. 9. 2023 година

                                                                       

    Одделение за студентски прашањ на ФЕИТ