Заверка на летен семестар во учебната 2022/2023 година – втор циклус

Објавено: мај 29, 2023

Заверката на летениот семестар во учебната 2022/2023 година за студентите од Втор циклус студии – магистерски студии ќе се врши на шалтерите на Одделението за студентски прашања во периодот:

од 5. 6. до 14. 6. 2023 год.

од 12:30 до 14:30 часот

Потребни документи:

  1. Индекс (со впишани предмети);
  2. Образец A4 за заверување на семестар (со впишани предмети, фонд на часови, име и пезиме на професорот кај кој е слушан предметот);
  3. Уплатница за реализирана рата (оние студенти кои плаќањето на школарината го реализираат на рати);

4.Електронски потписи во Iknow за сите запишани предмети во летниот семестар 2022/2023.

ВАЖНО:

Доколку не е добиен потпис за некој предмет, семастарот ќе може да се завери со уплата од 1000 денари (без разлика на бројот на недобиени потписи), на факултетската жиро-сметка со цел на дознака: недобиен потпис. Предметите за кои не е добиен потпис остануваат незаверени и студентот нема право да ги полага. Доколу станува збор за задолжителни предмети истите ќе мора да се презапишат во следниот летен семестар. Незаверените изборните предмети студентот може да ги презапише или да одбере нови кои ќе ги слуша по прв пат.

 НАПОМЕНИ:

  • Студентите кои имаат запишано празен летен семестар 2022/2023 не заверуваат семестар;
  • За задоцнета заверка на семестар студентите плаќаат по 500,00 денари на факултетската жиро с-ка.

 

 Скопје, 29.5.2023 година                                                Одделение за студентски прашања на ФЕИТ