ФЕИТ помош за матурантите

Објавено: март 26, 2021

ФЕИТ се приклучува во мерките за справување со Корона вирусот и на матурантите им нуди online курс за подготовка за државна матура по математика.

По примерот на светските универзитети, стручниот кадар на ФЕИТ се става на располагање на матурантите и веќе традиционалниот курс за подготовка на државна матура по математика, оваа година го нуди по симболична цена од 2000 денари. Часовите ќе се реализираат online, со посредство на платформата ZOOM и порталот за учење на ФЕИТ.

Сѐ што треба да направите е да се пријавите на следниов линк:

https://forms.gle/ZNj1gSq8z9vujbYd9

 најдоцна до 10.4.2021 година.

Курсот е во траење од 21 школски часа, а ќе се реализира во текот на 7 (седум) дена во попладневните часови или за време на викендите. (Изборот на термините ќе биде направен согласно мислењата што ќе ги добиеме од вашите апликации).  Курсот ќе започне втората половина на април, доколку се пријават доволен број учесници.  Ќе бидат обработени сите теми вклучени во државната матура по математика. Содржината на курсот може да ја видите тука.

Подетални информации ќе следуваат  директно до заинтересираните матуранти.

#СедиДома  #ФЕИТонлајн #ФЕИТпомош #ФЕИТзаВременаКорона #вклучисенаФЕИТ