Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител

Објавено: септември 22, 2021

Врз основа на член 4 од Одлуката за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2021/2022 година (бр. 02-977/4 од 21.9.2021 г.), Факултетот за електротехника и информациски технологии во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објавува

И Н Т Е Р Е Н   О Г Л А С

за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година

  1. Со овој Конкурс се врши избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.
  2. Право на учество на Огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус на студии во учебната 2021/2022 година, а кој има само еден родител со родителско право (во натамошниот текст – апликант), односно има:
  • само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родените, или;
  • починат родител, или
  • родител кој го загубил родителското право.
  1. За спроведување на постапката за селекција на апликантите по овој Оглас, Факултетот за електротехника и информациски технологии формира комисија и на 22.9.2021 година ја објавува следнава електронска адреса за аплицирање: oglasi@feit.ukim.edu.mk
  2. Најдоцна до 6.10.2021 година до Претседателот на Комисијата, на објавената електронска адреса апликантите треба да достават пријава во која ќе наведат:
    • за бруцошите: вкупен број на поени според кои, согласно Конкурсот, студентот се запишал во прва година на студии,
    • за студентите од повисоките години: просечен успех од положените испити и број на стекнати кредити.

Со пријавата апликантите, во pdf – формат, ги доставуваат и следниве документи:

  • потврди за остварена плата на вработените членови на семејството за последната исплатена плата,
  • за корисници на социјална помош се доставува последно решение/потврда од центарот за социјални работи,
  • за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија,
  • пресуда од надлежен суд со утврдена законска издршка на апликантот, која се смета како месечен приход,
  • за родител на кој му е одземено родителското право – решение од надлежен суд и/или
  • за починат родител – извод од матичната книга на умрените.
  1. Во постапката за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител Факултетот ќе изврши евалуација и проверка на веродостојноста на поднесената документација од сите пријавени кандидати (согласно чл. 5 од Одлуката). Комисијата самостојно ги пресметува поените и креира ранг – листа за секоја студиска програма и за секоја студиска година поодделно. Ранг – листите се објавуваат на интернет страницата на Факултетот најдоцна до 13.10.2021 година.
  2. Апликантите имаат оправо на приговор по објавените ранг – листи најдоцна до 20.10.2021 година. Комисијата на единицата ќе ги разгледа и ќе одговори на приговорите во рок од 5 работни дена. Доколку се утврди дека некој апликант поднел документација која не е веродостојна, истиот се симнува од ранг – листата. Прво­ранги­раните кандидати од секоја листа ја сочинуваат Конечната ранг – листа на добитници на погодноста за намалување на уписнината за единицата.
  3. Конечната ранг-листа Комисијата ја објавува најдоцна до 27.10.2021 година.


Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студенти чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2021/2022 година.

Од ФЕИТ