Интерен оглас за ангажирање на соработник на проект

Објавено: јули 4, 2022

Врз основа на договорот за проектот Advanced UAV Based GPR Imaging Techniques for Explosive Detection (Напредни ГПР имиџинг техники базирани на УАВ за детекција на експлозиви) и утврдена потреба од соработник на проектот со познавање од областа на телекомуникации и обработка на сигнали,  се распишува

ИНТЕРЕН ОГЛАС
за ангажирање на соработник на проект

      I. Се распишува интерен оглас за ангажирање на 2 соработници на проектот со наслов “Advanced UAV Based GPR Imaging Techniques for Explosive Detection (Напредни ГПР имиџинг техники базирани на УАВ за детекција на експлозиви)” кој е финансиран од НАТО програмата за Наука за мир и безбедност во периодот до септември 2024 година. Проектот вклучува изработка на предавател/приемник и антени за георадар за снимање на подземјето, прицврстени на дрон кој се движи над територијата која се испитува, користење и синхронизација на повеќе дронови на кои ќе се прицврстат и функционираат повеќе радарски предаватели/приемници за снимање на подземјето, примена на напредни техники за добивање на слики од подземјето (со акцент на постапката на микробранова томографија), и примена на методи на машинско учење за детекција и класификација на подземните објекти.

         II. Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

– да имаат завршено или да се пред завршување (датум на дипломирање до крајот на септември 2022 година) на прв циклус студии со просек од најмалку 8, по можност на     студиската програма Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ), или на некоја од останатите слабострујни студиски програми (КХИЕ, КТИ, КСИАР),

– да имаат завршено или да се пред завршување на втор циклус студии, по можност на една од студиските програми БССА, WMC или КИТ, или на некоја од студиските програми ДПС, МТ, ВMС, АРСИ, НКС,  КМ-ИНН и Dedicated Embedded Computer Systems and IoT .

      III. Со пријавата кандидатите поднесуваат: документи за завршено обра­зование од највисокиот степен, односно само уверение за положени испити доколку сеуште студираат на прв циклус студии и куса биографија (CV) на маил адреса: ven_kaf@yahoo.com

    IV. За дополнителни информации, заинтересираните кандидати може да се обратат кај професорот Венцеслав Кафеџиски на следниот е-маил ven_kaf@yahoo.com.

        V. Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.