КОНКУРС за избор на заменик студентски правобранител

Објавено: декември 24, 2020

Факултетско студентско собрание

 Факултет за електротехника и информациски технологии

 

Врз основа на член 41 став 3 од Статутот на Факултетското студентско собрание и одлуката бр. 15-1837/3 од 16.12.2020 г. Факултетското студентско собрание на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје објавува

КОНКУРС
за избор на заменик студентски правобранител

 

  1. Се распишува конкурс за избор на заменик студентски правобранител на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје (ФЕИТ) за мандатен период од 2 години, без право на реизбор.
  2. Услови: кандидатите за заменик студентски правобранител треба да се редовни студенти на ФЕИТ и да ги имаат положено сите предмети заклучно со IV семестар.
  3. Кандидатите што ќе се пријават на конкурсот поднесуваат кратка биографија и уверение за положени испити.
  4. Потребните документи се испраќаат на arhiva@feit.ukim.edu.mk од сопствената студентска е-пошта (sMail), најдоцна до 24.01.2021 г.
  5. Конкурсот се објавува на веб страната на ФЕИТ.

 

Претседател на ФСС-ФЕИТ

Филип Серафимовски