Покана за апликација – Стипендиска програма на германското стопанство 2022

Последна измена: октомври 18, 2021

Програмата за Пракса на Германското Стопанство (www.stipendienprogramm.org) им овозможува на студентите (дипломирани и недипломирани) да се здобијат со работно искуство во водечки компании во Германија. Во последните 18 години, како програма подржавме повеќе од 830 студенти и млади академски граѓани од Земјите на Западен Балкан и Хрватска. Сите стипендисти поминаа три до шест месеци во Германија, каде што добија можност да го прошират своето теоретско знаење стекнато за време на студиите, а истото тоа знаење да го применат во пракса. После враќањето во нивните земји, сите стипендисти многу побрзо најдоа квалификувана работа. Покрај тоа, Стипендистите се организирани во мрежа на Алумнисти каде што постојано добиваат обуки според потребите на локалниот пазар на труд.
Следната генерација на Стипендисти ќе ги започне своите пракси на 1ви Јули 2022 година.

Повик за аплицирање за новата генерација ќе биде отворен од 1ви Октомври 2021 до 16ти Ноември 2021 и студентите можат да се информираат за продобивките на Програмата и процесот на аплицирање на нашата страна: www.stipendienprogramm.org.

Поради новонастанатата ситуација со пандемијата, презентирањето на програмата ќе се одржи во две онлајн информативни сесии и тоа:

• 18.10.2021,во 14h:
https://zoom.us/j/95788837316?pwd=OXpjOUlxeU9GUVNpV0IveE1NRklPQT09
Meeting-ID: 957 8883 7316
Code: 482096
• 26.10.2021,во 19h:
https://zoom.us/j/99800564569?pwd=M2NuMXA5aWFhWThNYXhZVXlzT1dtdz09
Meeting-ID: 998 0056 4569
Code: 695493