Златна диплома 2022 година

Објавено: мај 25, 2022

Традицијата продолжува, на свечена седница на Наставно-научниот совет ќе бидат доделени Златни дипломи по повод 50 години од дипломирањето на  инженерите по електротехника од Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје.
Оваа година Златна диплома добиваат инженерите дипломирани од 1970 до 1972 година.
Ги покануваме инженерите кои диломирале од  1970 до 1972 година да го контактираат Организацискиот одбор на тел. 02 3099 191, или на маил адреса deans.office@feit.ukim.edu.mk .