Оглас за Електроинженер

Објавено: јануари 8, 2026

 Електродистрибуција  ДООЕЛ  е  компанија  чија  главна  дејност  е  дистрибуција  на  електрична  енергија  во  Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.

  КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА

  За потребите на одделот Мерење на мрежа, Група Лабораторија за броила бараме:

  СПЕЦИЈАЛИСТ – КОНТРОЛОР (М/Ж)

  со место на работа во СКОПЈЕ

Работни задачи:

  •  Планирање и спроведување на процедури за набавка на броила и дистрибутивни пломби (во однос на техничкиот дел)
  •  Спроведување на испитни процедури за верификација на броила
  •  Спроведување на евалуација на броила
  •  Водење статистика за квалитетот на броилата
  •  Проверка на протоколи од испитување на броила
  •  Испитување на броила на испитна станица
  •  Планирање и контрола  на замена  на  броила  заради вонредна/периодична  верификација  или нефункционалност на броилата
  •  Ажурирање на податоци за броила и движење на броила во kVASy
  •  Одржување на испитна опрема
  •  Магацинско работење, спроведување на испораки на броила
  •  Спроведување на обуки за броила и врши други работи согласно описот на функциите на одделот.

Потребни  компетенции:

  • III – V степен образование (Електроинженер)
  • Лојалност, флексибилност   и одговорност
  • Тимска работа и комуникативност
  • Минимум 2 години работно искуство

Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, аплицирајте преку приложениот линк со CV и мотивациско писмо до  19.01.2026

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк https://www.evn.mk/Careers.aspx .