Конкурс за практикантска работа на ОКТА во соработка со ФЕИТ

Последна измена: април 25, 2024

 

ОКТА најголемиот снабдувач на горива во земјата, објавува конкурс за практикантска работа во соработка со ФЕИТ

 

Услови за аплицирање:

  1. Студентот да биде 3-та или 4-та година на студии од прв циклус или студент од втор циклус студии.
  2. Студентот да има средно – високо познавање на англиски јазик.
  3. Студентот да  има  основно  познавање од  хардвер,  познавање  на  Microsoft  Office  и основно познавање на SQL системи

Времетраење на пракса:

Практикантот ќе биде континуирано присутен на платена пракса во ОКТА АД – Скопје, извршувајќи задачи во сектор ИТ, во временски период од 3 месеци, со полно работно време. Праксата ќе започне на 20.05.2024 година.

Обврска на компанијата:

  • да му обезбеди ментор на практикантот.
  • да му обезбеди храна и превоз на практикантот за целото времетраење на праксата.
  • да му издаде потврда за остварена пракса на студентот со потпис од овластено лице и печат од компанијата, заверена со архивски број.

Цели на праксата

  • Очекувани цели од ангажманот се практикантот да стекне практични знаења и вештини, како и да се здобие со искуство од работа во корпоративна средина.
  • Практикантот  ќе   биде   под   директно   менторство   на   менаџерот   во   сектор   ИТ, истовремено асистирајќи во повеќе области на работа.
  • Информациска технологија е сектор под дирекција за финансии и администрација, и ги опфаќа следниве активности – идентификување и организирање податоци на соодветен начин, предлагање, програмирање, тестирање, имплементација и одржување на апликации и ERP решенија, контролирање на работата на хардверот, заштита на системскиот софтвер итн. Практикантот ќе има директна можност за зголемување на своето знаење од аспект на хардвер, мрежна опрема, принтер апарати, датабази, Microsoft Office, напреден англиски јазик и деловна комуникација.

Сите кандидати е потребно да испратат CV и копии од документи и уверенија кои потврдуваат дека кандидатот ги исполнува условите, на следниот контакт okta_career@helpe.gr. При испраќање на апликацијата кандидатите потребно е да назначат во Subject – Пракса за ИТ Сектор.

Избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју, по што ќе се направи финален избор на кандидати и ќе се потпише Договор за соработка со избраниот кандидат.

Огласот е отворен најдоцна до 07.05.2024 година.