Оглас за пракса во ЕВН

Последна измена: јули 20, 2021

Започнете ја Вашата кариера додека студирате!

Практикантска работа во ЕВН

Првото професионално искуство во ЕВН може да се стекне како студент. Ви нудиме интересни активности, работа со ментор, обуки, дружење, нови вештини, одлична можност за практична имплементација на наученото.

Место на извршување на праксата

  • Кориснички Енерго Центри: Скопје, Куманово, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани, Делчево, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Охрид и Струга
  • Оддели во Скопје: Човечки Ресурси и Организација, Право и осигурување, Набавки и материјално работење, Енергетска политика, Заштита при работа и заштита на животна средина, Информатички и телекомуникациски технологии, Мрежен инженеринг, ЕВН Македонија Електрани ДООЕЛ  и ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ (Скопје).

Период во кој ќе се одвива праксата – јули, август или септември 2021.

Праксата е наменета за – студенти на Електроенергетика, Информатичка Технологија, Правни науки, Економски науки и слично.

Аплицирајте на jobs@evn.mk, со назнака “за пракса„.