Оглас за пракса во Македонски Телеком – Регион Охрид

Објавено: декември 9, 2021

Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во Служба за технички услуги – Југ – Регион Охрид во времетраење од максимум една година со полно работно време од 08:00 до 16:00 часот. Практичната работа се реализира во работни простории на Телеком во Охрид.

Aнгажираниот практикант би ги извршувал следниве активности:

  • Следење на реализација на работните налози во регионот за исполнување на зададените КПИ параметри во работењето;
  • Реализација на активности за презадолжување на работни налози во НЦ;
  • Евидентирање на технички промени кон мрежните елементи, реализација на промена на физичка патека;
  • Припрема на извештаи за реализирани трошоци во Сервисниoт Центaр и за реализирани активности;
  • Работа во апликациите за евидентирање на технички податоци во  OneERP, NetCracker, sCRM. BBSA, TT;
  • Учество во процесите за оперативна поддршка на активностите во Регионот;
  • Евидентирање, издавање и примање на материјали и опрема;
  • Покривање на вообичаените задачи и должности во Службата;

Доколку поседувате тимски дух и иницијативност, и сакате да сте дел од технолошки развиена компанија не чекајте и пратете ја својата биографија најдоцна до 15.12.2021 на career@telekom.mk со назнака Пракса во техника- Регион Охрид.