Оглас за пракса во Македонски Телеком – Регион Скопје

Објавено: декември 9, 2021

Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во Служба за поддршка на технички услуги – Тим за FTTH имплементација во времетраење од максимум една година со полно работно време од 08:00 до 16:00. Практичната работа се реализира во работни простории на Телеком во Скопје.

Aнгажираниот практикант би ги извршувал следниве активности:

  • Дизајн и техничка припрема на FTTH решенија во секундарна оптичка мрежа;
  • Евидентирање на FTTH материјали во апликацијата OneERP;
  • Евидентирање на технички промени кон мрежните елементи во FTTH мрежа;
  • Припрема на извештаи за реализирани трошоци поврзани со FTTH технологија во сервисните центри;
  • Работа во апликациите за технички FTTH податоци во DWH, OneERP, NetCracker, sCRM;
  • Учество во процесите за оперативна поддршка на FTTH Provisioing на регионалните сервисни центри;
  • Издавање и примање на FTTH материјали;
  • Покривање на вообичаените задачи и должности во Службата.

Доколку поседувате тимски дух и иницијативност, и сакате да сте дел од технолошки развиена компанија не чекајте и пратете ја својата биографија најдоцна до 15.12.2021 на career@telekom.mk со назнака Пракса во техника -Тим за FTTH имплементација.