Оглас за пракса во ВДЛ Ван Хоол

Објавено: мај 16, 2025
Опис на работни задачи

Доколку си млад, амбициозен и подготвен да вложиш време во стекнување на нови знаења и вештини, ова е одлична можност за тебе! Ние веруваме дека практикантската работа претставува прв чекор кон успешна кариера, а токму затоа нудиме простор за учење, професионален развој и практично искуство во реална работна средина.
Нашиот тим е составен од ентузијасти кои со задоволство ќе те водат низ процесот, ќе ти помогнат да ги развиеш своите потенцијали и ќе те подготват за идните професионални предизвици.

Потребни квалификации
  • Подготвеност за учење и тимска работа.
  • Основни познавања од областа за која аплицирате
  • Комуникациски вештини и одговорност
  • Позитивен став и иницијативност
Compensation benefits
  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ плус минат труд;
  • Меѓународно опкружување со многу можности за учење, развој и раст.
  • Можности за обука во странство;
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини;
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа;
  • Одлично лидерство, позитивна и охрабрувачка работна средина и организациска култура;
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот;
  • Регрес двојно поголем од законски пропишаниот (23.100 денари);
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода;
  • Бонус за препорачан пријател на работа;
  • Тим билдинг активности;
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард;
  • Обезбеден превоз до/од работното место;
  • “Купи со попуст” – одобрени попусти за вработени во одредени продажни места;

Нудиме платена пракса со можност за продолжување на договорот и професионален развој во рамките на компанијата.

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vdlvanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Аплицирање на следниот линк: https://www.vdlvanhool.com/mk/karieri/oglasi-za-rabota/praktikantska-rabota

ПРОГРАМА ЗА ПРАКСА