Пракса во Македонски Телеком АД – Скопје

Објавено: октомври 18, 2018

За Службата за Инфраструктура и технички инвентар која работи како дел од Секторот за Пристапни мрежи, во Областа на Главниот Директор за Техника потребно е да се ангажира еден практикант.

Овој практикант ќе биде ангажиран на поголем број на задачи за следниве цели:

  1. Средување на техничка документација и нејзина дигитализација
  2. Дигитализација на документација која се појавува во процесот на Легализација на бесправните објекти
  3. Дигитализација на дописи и договори
  4. Дигитализација на податоци потребни за внес во Инвентори системите

Соодветниот апликант треба да има основно познавање за работа на компјутер, да знае да ракува со основниот пакет на Microsoft Office и не треба да поседува некои други посебни квалификации.

Времето на ангажирање на соодветниот кандидат треба да биде во времетраење од 6 месеци до 1 година.

Заинтересираните студенти треба да испратат CV до Соња Каргова (sonja.kargova@telekom.mk)