Практикантска работа во ЕВН

Објавено: мај 12, 2023

 

Започнете ја Вашата кариера додека студирате!

Првото професионално искуство во ЕВН може да се стекне како студент. Ви нудиме интересни активности, работа со ментор, обуки, дружење, нови вештини, одлична можност за практична имплементација на наученото.

Место на извршување на праксата

  • Кориснички Енерго Центри: Скопје, Куманово, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Штип, Кочани, Делчево, Тетово, Гостивар, Кичево, Прилеп, Битола и Струга.
  • Оддели во Скопје: Човечки Ресурси и Организација, Право и осигурување,  Планирање и набавка на енергија, Информатички и телекомуникациски технологии, Оперативен контролинг, Високонапонски постројки, Билинг.

Период во кој ќе се одвива праксатаво текот на целата година, времетраење на практикантската работа е од 1 месец со можност за продолжување до 3 месеци, во зависност од желбите и интересите на практикантите.

Надомест на трошоци за практикантската работа е во износ од 10.000 МКД.

Праксата е наменета за студенти на Електроенергетика, Информатичка Технологија, Правни науки, Економски науки и слично.

Аплицирајте на jobs@evn.mk, со назнака “За пракса„, најдоцна до 17.05.2023.

Напомена: Во согласност со законот за заштита на лични податоци со самото испраќање  на Вашата апликација согласни сте вашите податоци да се чуваат , обработуваат и користат исклучиво за целите на регрутација и селекција. Повеќе информации околу Вашите права за обработка на податоците, како и за начинот на обработка на податоците можете да добиете на следниот линк  https://www.evn.mk/TopMenu/Career.aspx   .

ЕВН Македонија е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Откријте го светот на ЕВН и искористете ја можноста за одличен развој на Вашата кариера!