Амбиентална интелигенција и паметни уреди

Објавено: април 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Амбиентална интелигенција и паметни уреди
2. Код 4ФЕИТ07001
3. Студиска програма 7-НКС, 8-КМ-ИНН, 20-ИМСА, 21-ПНЕИТ, 22-БЕ
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Христијан Ѓорески, Д-р Даниел Денковски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со коцептот на мобилни сензорски системи и нивна употреба во секојдневието, носливи сензори, паметни уреди, амбиентална интелигенција. Со овој предмет, студентот ќе се стекне со знаење за практична употреба на алатки и техники за работа со мобилни сензорски податоци. И тоа, собирање податоци, нивна обработка, и градење на соодветни модели

11. Содржина на програмата:

Вовед во мобилни сензорски системи, паметни уреди, паметни системи, сензори за носење. Сензори во паметни телефони и паметни часовници. Вовед во концептот на Амбиентална Интелигенција и нејзините апликации, како што се препознавање на човечка активност, автоматско детектирање на паѓање, проценка на калории. Сензори, податоци за сензори, спојување на податоци, анализа на податоци, статистичко моделирање. Практичен развој на апликација за паметен телефон, вклучувајќи собирање податоци, анализа на податоци, развој на модели.

12. Методи на учење:

Предавања, вежби, самостојно учење, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно присуство на предавањата
20. Начин на полагање на испитот Проектна задача и завршен испит.
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.            Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Werner Weber, Jan Rabaey, Emile H.L. Aarts Ambient Intelligence Springer 2005
2. Manish J. Gajjar Mobile Sensors and Context-Aware Computing Morgan Kaufmann 2015