Анализа на сложени заземјувачки системи

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Анализа на сложени заземјувачки системи

Код: 3ФЕИТ09001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Наставник: Доц. д-р Јорданчо Ангелов

Цели на предметната програма (компетенции): Оспособување за примена на современите методи за анализа на стационарните режими со грешки во ЕЕС користејќи ги претходно совладаните теориски основи. Владеење со принципите и начините на заземјување на електроенергетските објекти, како и со начините за елиминација или намалување на ризиците и опасностите од струен удар. Оспособување на слушателите за изнаоѓање на ефикасни мерки и рационални решенија за надминување на термичките и сигурносните проблеми при појава на грешки во ЕЕС.

Содржина на предметната програма: Матрични методи за анализа на кусите врски во трифазни ЕЕС, метод на симетрични компоненти, параметри на елементите на системот, заменски шеми на водовите и нивни параметри за директен, инверзен и нулти редослед. Анализа на работата сложени ЕЕС во режими на грешка со разни видови грешки. Распределба на струјата на грешка во ЕЕС, работа со готови софтверски алатки изработени во MatLab и VBA. Заземјувачки систем. Елементи на заземјувачкиот систем и нивно моделирање: надземни водови со и без заштитно јаже, енергетски кабли со разни конструкции, заземјувачи на СН и ВН постројки. Распределба на струјата на грешка во близина на енергетските постројки и елементите од ЕЕС. Распределба на струјата низ земјата, заземјувачите, столбовите, и заштитните јажиња и пресметка на потенцијалите на столбовите при појава на грешка фаза-земја на надземните водови. Пресметка на потенцијалите и струите во кабелските системи во режим на доземен спој. Анализа на напонските и струјните прилики во сложените заземјувачки системи на ВН мрежи. Грешки во СН дистрибутивни мрежи и пресметка на напонските и струјни прилики во мрежата и во нејзиниот заземјувачки систем при земјоспоеви во мрежата. Редукционен фактор. Извоз на потенцијалот во СН дистрибутивна мрежа при грешки во високонапонскиот дел од ЕЕС.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ристо Ачковски, Мирко ТодоровскиЗаземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежиУКИМ, ФЕИТ-Скопје2017

2

Ј. М. НахманЗаземјување на неутрална точка во дистрибутивна мрежаNaucna knjiga, Beograd1980

3

П. М. АндерсонАнализа на електроенергетски систем во стационарен режим со грешкаThe IOWA State University Press/AMES, IOWA1981

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

 Бројни статии во разни списанија од областа на заземјувањето и заземјувачките системи