Авторско право и сродни права

Последна измена: јули 13, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Авторско право и сродни права
2. Код 4ФЕИТ12001
3. Студиска програма 17-РЕЕКС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Јадранка Дабовиќ- Атанасовска
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со завршувањето на оваа предметна програма студентот ќе има познавања од авторското право и сродните права, ќе може да ги препознае авторските дела и објектите на сродно право, преносот на првата и нивната заштита. Ќе научи да склучува авторски договор. Ќе научи како да го заштити своето авторско дело или сродно право и кои средства му стојат на располагање за правната заштита. Ќе научи да ги регулира договорно односите со коавторите. Ќе се запознае со  начините на заштита на авторските дела во дигитална технологија. Студентот ќе стекне знаења за домашната и меѓународната регулатива за заштита на авторските дела и сродните права како и  за правната рамка за регулирање  односите помеѓу авторите и користењето на вештачката интелигенција во создавање на авторски дела. Посебен акцент во програмата ќе се даде на заштитата на компјутерските програми и базите на податоци.

11. Содржина на програмата:

Поим на право на интелектуална сопственост  Поим на авторско право и сродни права Меѓународни и домашни  извори на авторско право и на сродни права  Авторски дела и објекти на сродни права  Автор, ко-автори и носители на права  Содржина на авторското право и на сродните права  Траење на авторското право и на сродните права  Ограничувања на авторското право  Пренос на авторското право и на сродните права  Заштита на авторското право и сродните права

12. Методи на учење:

предавања, игри на улоги, практични вежби за пишување на договори, поднесоци до суд

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3+3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 80 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит 60% од предиспитни активности
20. Начин на полагање на испитот
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Ј. Дабовиќ Анастасовска; В. Пепељугоски Авторско право Правен Факултет „Јустинијан Први“ 2015
23.2.       Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  J.Dabovic; C. Geiger; M. Polenak; G.Naumovski; N.Gavrilovic  COPYRIGHT AND RELATED RIGHTS  Универзитет “Свети Кирил и Методиј“ TEMPUS Project 144582  2012