Безжични технологии и мрежи за Интернет на нешта

Последна измена: јули 27, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Безжични технологии и мрежи за Интернет на нешта
2. Код 4ФЕИТ07003
3. Студиска програма 8-КМ-ИНН
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Даниел Денковски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Познавање и разбирање на напредните концепти и технологии од подрачјата на сензорски, безжични и мобилни мрежи за Интернет на нешта. Способност за избор на најсоодветната технологија и дизајн на безжично омрежување за IoT апликации за различни намени.

11. Содржина на програмата:

Преглед на стандардизирани и комерцијални решенија за безжични и мобилни технологии и мрежи, со посебен осврт на Интернет на нештата. RFID и NFC технологии. Краткодометни теснопојасни сензорски мрежи, како што се ZigBee, Z-Wave, Bluetooth, BLE. Краткодометни широкопојасни безжични мрежи (UWB, WiGig). Широкопојасни LAN мрежи со среден дострел и големи податочни брзини, вклучувајќи ги стандардите од третата до шестата генерација на Wi-Fi. Целуларни мрежи од последните генерации (4G, 5G), со посебен осврт на LTE-M, NB-IoT, URLLC и mMTC технологиите кои се погодни за имплементација во Интернет на нештата. Други стандардизирани (МуТhings) и комерцијални WAN решенија (LoRa, Sigfox) за IoT омрежувања. Квалитативна и квантитативна споредба безжичните технологии и мрежи, од аспект на перформанси и енергетска ефикасност. Применливост на стандардните и комерцијалните решенија во IoT апликации и сервиси за различни намени (за паметни домови, градови, индустриска автоматизација, земјоделие, здравство и сл.).

12. Методи на учење:

Предавања, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 50 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно присуство на предавањата
20. Начин на полагање на испитот

Секој студент мора да изработи задолжителна проектна задача. Завршен испит со времетраење од 90 минути. Во конечната оценка влегуваат поените од проектната задача и завршниот испит.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. Daniel Chew The Wireless Internet of Things: A Guide to the Lower Layers Wiley 2018
2. Nurul H. Mahmood, N. Marchenko, M. Gidlund and P. Popovski Wireless Networks and Industrial IoT: Applications, Challenges and Enablers Springer 2021