Бизнис менаџмент во телекомуникациите

Последна измена: јули 19, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Бизнис менаџмент во телекомуникациите
2. Код 4ФЕИТ10002
3. Студиска програма 11-ИБС, 12-КИТ, 17-РЕЕКС, 20-ИМСА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Александар Ристески
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Разбирање основните концепти од телекомуникацискиот бизнис и економските и регулаторните аспекти на телекомуникациите. Познавање на основите за регулатива, анализи на пазарот, менаџмент на проекти, развој на нови продукти, услуги и пазари и нивна основна финансиска анализа; подготовка на деловни студии. Подготвеност да се занимава и со научно-истражувачка работа во овие области.

11. Содржина на програмата:

Преглед на развојот на телекомуникацискиот бизнис, технологии и сервиси. Регулативата како рамка за делување на телекомуникациските компании. Монопол и конкуренција. Сегментација на телеком пазарите. Бизнис модели на организација на телеком оператори. Елементи на телекомуникациски бизнис менаџмент: менаџмент на проекти/процеси, човечки ресурси, одлуки, ризици, брендови, сигурност итн. Стратегии за развој и планирање на телекомуникациски бизнис. Истражување и технолошки развој и иновации. Развој на нови продукти и сервиси. Финансиски анализи. Подготовка на деловни студии. Елементи на бизнис план. Маркетинг. Предизвици и деловни можности на нови телеком оператори. Спојувања и аквизиции на телеком оператори. Трендови во телекомуникацискиот пазар. Влијание на подемот на комуникациско-информациските технологии врз трендовите во телекомуникацискиот бизнис и општеството.

12. Методи на учење:

Предавања; самостојно проучување и презентација на трудови од списанија и зборници на конференции; самостојно проучување и презентација на практични примери од областа; интерактивни дискусии

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 10 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата и изработена семинарска работа.

20. Начин на полагање на испитот

Во текот на семестарот, може да се полагаат тестови кои се спроведуваат во текот на часовите. На крај на семестарот или во другите испитни сесии, се полага писмен испит во времетраење од најмногу 90 минути. Се изработува семинарска работа или проектна задача (тимска или индивидуална). Во конечната оценка влегуваат поените од испитот, тестовите и од семинарската работа или проектната задача. Со посебно упатство објавено пред секој испит, се уредува начинот на полагање и користењето на учебни помагала и електронски уреди за време на испитот.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација и анкети
23.

Литература

23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. H. M. Schoening Business Management of Telecommunications Prentice Hall 2004
2. S. Majumdar, I. Vogelsang, M. Cave Handbook of Telecommunications Economics, Vol. 1 and 2 North Holland 2006
3. I. Walden Telecommunications Law and Regulation Oxford University Press 2012
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.

Статии од меѓународни списанија и зборници на меѓународни конференции, стандарди, препораки, закони и други национални и меѓународни нормативни акти, и друга литература.