Динамика на електромоторни погони

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Динамика на електромоторни погони
2. Код 4ФЕИТ02006
3. Студиска програма 2-ЕМА
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1 7.   Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Михаил Дигаловски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Со успешно завршување на овој предмет, кандидатот ќе се стекне со компетенции за анализа на системите за управување на електромоторните погони, видови на пречки и подобрување на динамиката на електромоторните погони.

11. Содржина на програмата:

Основи на динамиката на електромоторните погони. Редуцирање на механичките големини. Влијание на променливиот момент на инерција. Временски константи. Статичка стабилност. Видови оптоварувања. Динамички состојби и закони на сличност. Повеќемоторен погон. Електрични оски. Задвижувачи. Динамички состојби кај погоните со еднонасочни мотори. Форсирање на динамичките состојби кај еднонасочните електромоторни погони. Загуби на енергија во динамичките состојби кај еднонасочните електромоторни погони и начини за нивно намалување. Динамички состојби кај погоните со асинхрони мотори. Тешки електромоторни погони со асинхрони мотори. Самопуштање на погони со асинхрони мотори. Загуби на енергија во динамичките состојби на погони со асинхрони мотори и начини за нивно намалување. Динамички состојби кај погони со синхрони мотори. Динамичка стабилност. Електромоторен погон како објект на дигитално управување. Структура на дигитален систем на управување на електромоторен погон. Процес на одбирање и задршка. Меѓусебно влијание помеѓу временските константи на електромоторниот погон и времето на одбирање. Начини за компензација на пречките при квантизирањето. Пресметка на динамичките состојби и анализа на точноста кај дигиталните електромоторни погони.

12. Методи на учење:

Настава, проектни задачи и домашно учење

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 30 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 50 бодови
17.3. Активност и учење 20 бодови
17.4. Завршен испит 0 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит нема
20. Начин на полагање на испитот /
21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Самоевалуација
23. Литература
23.1.      Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. M.Jadric, B.Francic Dinamika elektricnih strojeva Graphis, Zagreb 2004
2. Т.Јакимов Електромоторни погони Медис-Информатика 1994
3. Chee-Mun Ong Dynamic Simulation of Electric Machinery Using Matlab/Simulink Prentice Hall PTR 1998
23.2.      Дополнителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1.  B.Jurkovic  Elektromotorni pogoni  Skolska knjiga, Zagreb  1987
2.  I.Boldea, S.A.Nasar  Electric Drives  CRC Press
3.  P.C.Krause, O.Wasynczuk, S.D.Sudhoff  Analysis of Electric Machinery   IEEE Press  1995