Електроника 1

Објавено: јуни 28, 2022
1. Наслов на наставниот предмет Електроника 1
2. Код 4ФЕИТ05З018
3. Студиска програма КХИЕ,КСИАР
4. Организатор на студиската програма Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен Прв циклус студии
6. Академска година / семестар II/3 7. Број на ЕКТС 6
8. Наставник Д-р Љупчо Караџинов
9. Предуслов за запишување на предметот Положени: Основи на електротехника
Ислушани: Основи на електрични кола
10. Цели на предметната програма (компетенции). Запознавање со принципите на работа на електронските елементи. Запознавање со принципите на работа на линеарните електронските склопови.Оспособување на кандидатот за следење и решавање на проблемите во електрониката, компјутерското инженерство, автоматиката и телекомуникациите со помош на реални електронски кола.
11. Содржина на програмата: Основни поими. Засилувачи: основни параметри, видови, идеални засилувачи. Операциски засилувач: симбол; модел; основни примени на операциски засилувач во линеарен режим на работа. Идеална диода: модел, основни примени. Реална диода: i-v карактеристика, карактеристики на директна и инверзна поларизација, примена. Подрачје на пробив и Зенер диоди. Методи за анализа на кола со диоди: аналитичка, графичка, итеративна. Сегментно-линеарни модели. Модел за мали сигнали. Ограничувачи на напон. Насочувачи: полубранов, целобранов и мостен насочувач. Насочувачи со капацитивен филтер, фактор на брановитост, каскаден умножувач на напон. Полупроводници, ПН спој, капацитивности на пн-спој. Биполарен транзистор: структура, Еберс-Моллов модел, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел. МОСФЕТ: NMOS и PMOS со индуциран и вграден канал, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел. Засилувачи со транзистори и MOSFET-и: графичка анализа, модел за мали сигнали, алгоритам за анализа на засилувачи. Фреквенциска зависност на засилувањето на засилувачот.
12.Методи на учење Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.
13. Вкупен расположив фонд на часови 3 + 1 + 1 + 0
14. Распределба на расположивото време 180
15. Форми на наставните активности 15.1. Предавања – теоретска настава 45
15.2. Вежби, семинари, тимска работа 30
16. Други форми на активност 16.1. Проектни задачи 0
16.2. Самостојни задачи 15
16.3. Домашно учење 90
17. Начини на оценување 17.1. Тестови 40
17.2. Семинарска работа/проект 10
17.3. Активност и учење 10
17.4. Завршен испит 40
18. Критериуми за оценување до 50 бодови 5 (пет) (F)
од 51до 60 бодови 6 (шест) (E)
од 61до 70 бодови 7 (седум) (D)
од 71до 80 бодови 8 (осум) (C)
од 81до 90 бодови 9 (девет) (B)
од 91до 100 бодови 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Изведени и колоквирани лабораториски вежби.
20. Начин на полагање на испитот

Два парцијални писмени испити (на половина и на крај од семестарот, времетраење 120 минути), тестови кои се спроведуваат во текот на часовите и тест од лабораториски вежби (по завршување на вежбите). За студентите кои ги положиле парцијалните испити и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од парцијалните испити, тестовите и завршниот устен испит.
Во предвидените испитни сесии се полага писмен испит (времетраење 120 минути). За студентите кои го положиле писмениот испит и тестот од лабораториски вежби, може да се спроведе завршен устен испит (времетраење 60 минути). Во конечната оценка влегуваат поените од писмениот испит, тестовите и завршниот устен испит.
За време на испитот (не) е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација.
23. Литература
23.1. Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 Адел Седра и Кенет Смит Микроелектронски кола, 5-то издание Аламина прес, Скопје 2009
23.2. Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 M. Камиловски Електроника1, електронски елементи УКИМ 2011
2 M. Камиловски Електроника 2 ФЕИТ NULL