Електроника 1

Објавено: октомври 12, 2018

1.    Наслов на наставниот предмет

Електроника 1

2.    Код

3ФЕИТ05З019

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ, ТКИИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/3

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Љупчо Караџинов

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со принципите на работа на електронските елементи.  Запознавање со принципите на работа на линеарните  електронските склопови.Оспособување на кандидатот за следење и решавање на проблемите во електрониката,  компјутерското инженерство, автоматиката и телекомуникациите со помош на реални електронски кола.

11.    Содржина на програмата: Основни поими. Засилувачи: основни параметри, видови, идеални засилувачи. Операциски засилувач: симбол; модел; основни примени на операциски засилувач во линеарен режим на работа. Идеална диода: модел, основни примени. Реална диода: i-v карактеристика, карактеристики на директна и инверзна поларизација, примена. Подрачје на пробив и Зенер диоди. Методи за анализа на кола со диоди: аналитичка, графичка, итеративна. Сегментно-линеарни модели. Модел за мали сигнали. Ограничувачи на напон. Насочувачи: полубранов, целобранов и мостен насочувач. Насочувачи со капацитивен филтер, фактор на брановитост, каскаден умножувач на напон. Полупроводници, ПН спој, капацитивности на пн-спој. Биполарен транзистор: структура, Еберс-Моллов модел, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел. МОСФЕТ: NMOS и PMOS со индуциран и вграден канал, i-v карактеристика, сегментно-линеарен модел.  Засилувачи со транзистори и MOSFET-и: графичка анализа, модел за мали сигнали, алгоритам за анализа на засилувачи. Фреквенциска зависност на засилувањето на засилувачот.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

15

16.3. Домашно учење

90

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

40

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

40

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изведени и колоквирани лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Анонимни анкети на студентите, самоевалуација, екстерна евалуација

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Адел Седра и Кенет Смит

Микроелектронски кола, 5-то издание

Аламина прес, Скопје

2009

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

M. Камиловски

Електроника1, електронски елементи

УКИМ

2011

2

M. Камиловски

Електроника 2

ФЕИТ

2002