Енергетски електронски елементи

Последна измена: јануари 6, 2020

Предмет: Енергетски електронски елементи

Код: 3ФЕИТ05007

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови:3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Катерина Ралева

Цели на предметната програма (компетенции): По завршувањето на овој курс, студентот ќе се здобие со сознанија за современтите енергетски електронски елементи и ќе биде оспособен за нивна примена во енергетските кола и системи. Способност да избере енергетски електронски елемент кој според електричните и термичките карактеристики најдобро ќе ги задоволи барањата на дизајнот.

Содржина на предметната програма: Трендови во развојот на енергетските електронски елементи. Споредба во дизајнот на енергетските електронски елементи и електронските елементи за мала моќност. Карактеристики на енергетските полупроводнички елементи и интегрирани компоненти: (1) енергетски MOSFET (2) биполарен транзистор со изолиран гејт – IGBT, (3) енергетски споен фет (3) статички индукционен транзистор – SIT), (4) MOS – тиристор – MCT, (5) статички-индукционен тиристор – SIThy, (6) ЕТО. Термичка анализа. Драјверски и снабер кола.  Моделирање и симулација на динамичките карактеристики на енергетските електронски елементи.

Литература:

Задолжителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 B. J. Baliga Fundamentals of Power Semiconductor Devices Springer Science 2008
2 N. Mohan, T. Undeland, W. Robbins Power Electronics: Converters, Applications and Design John Wiley and Sons 2002
Дополнителна литература
Бр. Автор Наслов Издавач Година
1 B. K. Bose Modern Power Electronics: Evolution, Technology and Applications [Chapter 3: Power Semiconductor Devices and Power Integrated Circuits] IEEE Press 1992