Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС

Последна измена: јули 26, 2023
1. Наслов на наставниот предмет Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС
2. Код 4ФЕИТ09014
3. Студиска програма 3-ЕЕС
4. Организатор на студиската програма

(единица, односно институт, катедра, оддел)

Факултет за електротехника и информациски технологии
5. Степен (прв, втор, трет циклус) Втор циклус студии
6. Академска година/семестар I/1   7.    Број на ЕКТС кредити 6.00
8. Наставник Д-р Мирко Тодоровски
9. Предуслов за запишување на предметот
10. Цели на предметната програма (компетенции):

Владеење со моделите на FACTS уредите во ЕЕС и начините на нивна примена за управување со тековите на активна и реактивна моќност, подобрување на стабилноста и за регулација на напони во ЕЕС. Оспособеност за решавање на сложени практични проблеми од примената на FACTS уреди во ЕЕС со користење на современи симулациони пакети.

11. Содржина на програмата:

Вовед во концептите на енергетската електроника применета во FACTS уредите. Принцип на работа и моделирање на енергетските конвертори. Поврзување на уредите со енергетска електроника во ЕЕС. Типови на FACTS уреди и нивна примена во ЕЕС. Реактор контролиран со помош на тиристор (TCR). Статички компензатор на реактивна моќност (SVC). Сериски компензатор контролиран со помош на тиристор (TCSC). Конвертори на напон базирани на напонски извори составени од кондензатори (VSC).  Статички компензатор (STATCOM). Сериски компензатор во стационарен режим (SSSC).  Обединет контролер на текови на моќност (UPFC).  Регулација на тековите на активни и реактивни моќности. Регулација на напони. Подобрување на приликите при статичка и динамичка стабилност. Оптимална поставеност, димензионирање и потешкотии во управувањето.  Влијание на FACTS уредите врз квалитетот на електричната енергија.  Примена на софтерски пакети за анализа на ЕЕС со вградени FACTS уреди.

12. Методи на учење:

Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.

13. Вкупен расположив фонд на време 180
14. Распределба на расположивото време 3 + 3
15. Форми на наставните активности 15.1 Предавања – теоретска настава 45 часови
15.2 Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа 45 часови
16. Други форми на активности 16.1 Проектни задачи 30 часови
16.2 Самостојни задачи 30 часови
16.3 Домашно учење 30 часови
17. Начин на оценување
17.1 Тестови 0 бодови
17.2 Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна) 60 бодови
17.3. Активност и учење 0 бодови
17.4. Завршен испит 40 бодови
18. Критериуми за оценување (бодови/оценка) до 50 бода 5 (пет) (F)
од 51 до 60 бода 6 (шест) (E)
од 61 до 70 бода 7 (седум) (D)
од 71 до 80 бода 8 (осум) (C)
од 81 до 90 бода 9 (девет) (B)
од 91 до 100 бода 10 (десет) (A)
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит Редовно посетување на предавањата и вежбите.
20. Начин на полагање на испитот

Студентот треба да ги изработи предвидените домашни и проектни задачи и истите да ги предаде според објавената динамика на веб страницата за предметот. Завршната оценка се определува поените добиени од испитите, домашните и проектните задачи според соодветните тежински коефициенти. За време на испитите е дозволено користење книги, скрипти, ракописи или белешки од кој било вид, како и калкулатор, мобилен телефон, таблет или кој било друг електронски уред.

21. Јазик на кој се изведува наставата Македонски и Англиски
22. Метод на следење на квалитетот на наставата Интерна евалуација и анкети.
23. Литература
23.1.       Задолжителна литература
Ред.

број

Автор Наслов Издавач Година
1. X. P. Zhanq, C. Rehtanz, B. Pal Flexible AC Transmission Systems – Modelling and Control SpringerISBN 978-3-540-30606-1 2006
2. G. Benysek Improvement in the Quality of Delivery of Electrical Energy using Power Electronics Systems SpringerISBN 978-1-84628-648-3 2007
3. ­A. Pina Martins, V. Katić, M. Todorovski, N. Demirović Advanced power electronics application in power systems Fakultet Tehničkih Nauka, Novi SadISBN 978-1-84628-648-3 2010