Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС

Објавено: декември 12, 2018

Предмет: Флексибилни регулациони уреди во ЕЕС

Код: 3ФЕИТ09011

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Мирко Тодоровски

Цели на предметната програма (компетенции): Владеење со моделите на FACTS уредите во ЕЕС и начините на нивна примена за управување со тековите на активна и реактивна моќност, подобрување на стабилноста и за регулација на напони во ЕЕС. Оспособеност за решавање на сложени практични проблеми од примената на FACTS уреди во ЕЕС со користење на современи симулациони пакети.

Содржина на предметната програма: Вовед во концептите на енергетската електроника применета во FACTS уредите. Принцип на работа и моделирање на енергетските конвертори. Поврзување на уредите со енергетска електроника во ЕЕС. Типови на FACTS уреди и нивна примена во ЕЕС. Реактор контролиран со помош на тиристор (TCR). Статички компензатор на реактивна моќност (SVC). Сериски компензатор контролиран со помош на тиристор (TCSC). Конвертори на напон базирани на напонски извори составени од кондензатори (VSC).  Статички компензатор (STATCOM). Сериски компензатор во стационарен режим (SSSC).  Обединет контролер на текови на моќност (UPFC).  Регулација на тековите на активни и реактивни моќности. Регулација на напони. Подобрување на приликите при статичка и динамичка стабилност. Оптимална поставеност, димензионирање и потешкотии во управувањето.  Влијание на FACTS уредите врз квалитетот на електричната енергија.  Примена на софтерски пакети за анализа на ЕЕС со вградени FACTS уреди.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

X. P. Zhanq, C. Rehtanz, B. PalFlexible AC Transmission Systems – Modelling and ControlSpringerISBN 978-3-540-30606-12006

2

G. BenysekImprovement in the Quality of Delivery of Electrical Energy using Power Electronics SystemsSpringerISBN 978-1-84628-648-32007

3

A. Pina Martins, V. Katić, M. Todorovski, N. DemirovićAdvanced power electronics application in power systemsFakultet Tehničkih Nauka, Novi SadISBN 978-1-84628-648-32010